Македонија
Џафери-Пич: Изборите пред Северна Македонија се одредница за евроатлантските перспективи и од регионална важност
Премиерот, Талат Џафери, претпладнево во Минхен се сретна со сер Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан.
На состанокот Лорд Пич, изрази честитки до Џафери за претседателската позиција во Владата и за изборот на новата Влада.
„Заеднички ја нагласија важноста на претстојните избори, од аспект на фер и демократски избори и како одредница во евроатлантските перспективи на државата“, информираа од владината прес-служба.
Во таа насока, беше поздравена категоричната определба на премиерот Џафери и на Владата да се спроведат избори според највисоки европски стандарди, посебно што пред Северна Македонија се избори што нема само да определат само каква Влада ќе добијат граѓаните, туку и натамошниот правец на земјата.
На средбата се оцени дека јасната ЕУ перспектива е главен двигател на помирувањето и на напредокот на целиот регион, бидејќи интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ, освен што е политички, безбедносен и економски интерес на регионот и на Унијата, е и геостратегиска инвестиција во стабилноста на европскиот континент. Беа разменети ставови за актуелните случувања на Западен Балкан, состојбата во Босна и Херцеговина, односите меѓу Србија и Косово.
Двајцата соговорници се согласија дека регионот е подложно тло за пласирање на дезинформациски наративи, и посебно е потребно е сериозно и будно справување со обидите за влијание врз изборните процеси со хибридни дезинформциски наративи.
На средбата, Џафери ја истакна важноста на засилениот ангажман на Обединетото Кралство во Западен Балкан во промовирањето на регионалната безбедност. И, потврди дека Северна Македонија продолжува со поставеноста на надворешната политика на линија на политиките на ЕУ и НАТО, придонесувајќи во стабилноста на регионот.
Двајцата соговорници го потврдија долгогодишното пријателство меѓу Република Северна Македонија и Обединетото Кралство, што се реализира преку поддршката што нашата држава ја добива за клучните прашања во демократскиот развој и во остварувањето на стратешките цели.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Претежно облачно и тивко, максималната температура до 17 степени
Времето денеска ќе биде прeтежно облачно. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен во четврток кога ќе има услови за слаб локален дожд. Во четврток и петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста
Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и безбедност, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност на која на дневен ред беше безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

Таа додаде дека институциите ќе продолжат да ја следат состојбата.
-Координирани сме и со органите во регионот и ќе споделиме информации, најави претседателката Сиљановска – Давкова.
Претседателката Сиљановска Давкова е претседател на Советот за безбедност, а на седницата присуствуваа и членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски како и експертите Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, кој е на пат за САД, на седницата беше вклучен преку видеоврска.

На седницата присутни беа и директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски и началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски.

