Македонија
Џафери свикал итна координација: Граѓаните самите ќе проценат од снимките кој го предизвика инцидентот

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, попладнево свика итна координација на која беа поканети сите координатори и претставници на политичките партии во Собранието. На поканата се одзваа координаторот на Пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски, потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски и пратеничката од Алтернатива, Сафије Садики Шаини. Иако поканети, не присуствуваа претставниците од опозициските партии ВМРО-ДПМНЕ и од Алијансата на Албанците, информираа од собраниските служби.
„Претседателот на Собранието ја свика координацијата откако членовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, по цели два часа со процедурални забелешки се спротивставија да се изгласа дневниот ред на Комисијата за европски прашања, кој сепак беше изгласан“, е потенцирано во соопштението.
На координацијата, како што е нагласено во напишаната информација, бил донесен заклучок дека собранискиот Деловник ги дава сите можности за работа на Собранието и не дозволува насилство во која било форма.
„На координацијата исто така се заклучи и тоа дека граѓаните самите ќе проценат од снимките кои се вртат по социјалните мрежи кој го предизвика инцидентот на Комисијата за европски прашања. Ниту во земјите членки на Европската Унија не се дозволува насилство врз претседавачот со седница на работно тело на Собранието“, се нагласува во информацијата од Собранието.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Табановце за излез од државата се чека околу 30 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен, извести АМСМ.
Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за излез е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
Македонија
Дел од Аеродром денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:30 часот, корисниците на улица Филип Богдански, општина Аеродром;
· од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од дел од улицата Црноризец Храбар, од бр. 2 до бр. 20., општина Аеродром.
Македонија
Сончево со мала до умерена локална облачност, температурата до 32 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Попладне во планинските региони ќе има услови за локален слаб дожд.
Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степена.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 31 степен.
Времео во наредните денови
Во вторник претежно во планинските региони ќе има услови за локален слаб дожд. Дневните температури ќе бидат малку под просекот за овој период од годината. Од средината на следната седмица времето ќе биде сончево и потопло со пораст на дневната температура.