Македонија
Џафери – Стефанишина: Северна Македонија е партнер на Украина и важен фактор во европската стабилност
Премиерот Талат Џафери во Минхен се сретна со вицепремиерката на Украина за европска и евро-атлантска интеграција, Олга Стефанишина.
На состанокот заеднички се оцени дека безбедносното прашање на Украина е безбедносен предизвик за цела Европа и за меѓународната демократска заедница во глобални рамки. Од тие причини се изразија очекувања европската и светската демократска јавност да стојат заедно и едни до други како клучен предуслов за одбраната на глобалниот мир.
Џафери истакна дека „Република Северна Македонија веднаш и недвосмислено ја осуди агресијата на Руската Федерација врз Украина поддржувајќи го украинскиот територијален интегритет. Исто така, застанавме стопроцентно на линија на политиките на Европската Унија во однос на надворешната и безбедносната политика. И како совесна членка на НАТО ѝ ја даваме потребната помош на Украина“.
Премиерот Џафери ја поздрави и одлуката на Европскиот совет да отвори пристапни преговори за членство на Украина во Европската Унија и отвори можност за споделување искуства во однос на евроинтеграцискиот процес и реформите потребни за приближување кон Унијата.
Премиерот Џафери напомена дека како земја членка на НАТО остануваме посветени на политиката на отворени врати на НАТО и ја поддржуваме апликацијата на Украина за членство во НАТО. Украина исто така беше врвен приоритет и клучно безбедносно прашање при претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ. Северна Македонија работеше и сè уште работи на обезбедувањето суштинска поддршка за Украина и нејзиниот народ, истакна премиерот Џафери.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Пивтијада по 15. пат на плоштадот во Автокоманда
Утре 19.01.2025 година (недела) со почеток во 13:00 часот на плоштадот во Автокоманда ќе се оддржи традиционалната манифестација Пивтијада која општина Гази Баба ја организира 15та година по повод христијанскиот празник Богојавление – Водици.
Оваа манифестација во себе соддржи музички, хуманитарен и натпреварувачки карактер. Преку купување на пивтии граѓаните ќе донираат за Клиниката за детски болести, а преку декоративно украсени пивтии ќе имаат можност да се натпреваруваат за награда.
Истовремено ќе уживаат во македонската песна со настапот на Јордан Митев, Ефто Пупиноски и Даниела Темелковска.
Македонија
Поради трговија со дрога уапсен е Раде Трајковски – Штекли кој трипати се обидоа да го ликвидирааат
Полицијата го уапси Раде Трајковски-Штекли по Наредба на Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
Тој се сомничи за трговија на дрога, потврди МВР.
Штекли двапати беше цел на напади во трговскиот центар „Ист гејт мол“, при што беше погоден од повеќе куршуми, па опериран и спасен. Пред два месеца во скопската населба Ќерамидница беше фрлена бомба во неговиот двор. Овие случаи кои се одвиваа во изминатите две години не добија своја разрешница.
Македонија
Возилото на „БРАКО“ чисти снег рамо до рамо со тешката механизација на „Комуналец-Неготино“
Возилото на БРАКО изминатите денови го чистеше снегот во Неготино заедно со другата градска механизација и јуначки се носеше со своите поголеми браќа од возниот парк на неготински Комуналец, во услови кога градот беше покриен со снег. Додека поголемите машини ги чистеа главните улици, возилото Грин Машинс на БРАКО го чистеше снегот од пешачките зони, тротоарите и потешко достапните места на улиците.
Моделот ГМ636 кој го избра Неготино има продолжеток за плуг за снег, и додека во нормални временски услови работи како метларка и одржува хигиена на улиците на градот, во зимски услови се претвора во чистач на снег.
,,Машината на БРАКО многу ни помогна и многу сме задоволни’’-изјави директорот на ЈП Комуналец-Неготино, Митко Ѓорѓиев, контактиран од Службата за корпоративни комуникации на БРАКО.
Неготино купи возило Грин Машинс во март 2024г, и додека во текот на целата година свиперот одлично ги чистеше градските улици, ова е првпат целосно да се искористи неговиот потенцијал и да се ангажира и во услови на снег.
(ПР)