Македонија
Амбасадорите на Османи работат против националните интереси на Македонија и покажуваат базична неписменост, велат од Левицата
Македонската дипломатија, предводена од СДС и ДПМНЕ изминатите три децении, иако поради партизираноста ја следат бројни примери на прекршување на дипломатското однесување и компромитирање на имиџот на нашата држава, отсекогаш ги почитувала најстрогите правила на дипломатската служба. Но, по поставувањето на Бујар Османи на чело на македонската дипломатија, евидентно е целосното деградирање на професионалноста на македонските амбасади и нивната незаинтересираност да ги штитат интересите на Републиката и Македонците ширум светот, велат од Левицата.
„Надворешната политика на квинслиншката влада на СДС-ДУИ, чија главна каратектиристика е сервилноста и работењето против националните интереси, сега ја спроведуваат целосно несоодветни кадри без базични познавања на законите на Република Македонија и кои се одликуваат со антимакедонски чувства. После скандалот на конзулот во Чикаго Петрит МУСЛИУ, син на провладиниот аналитичар Алберт Муслиу, кој во својата служба покажувал ароганција и агресија кон Македонците, се додава нов скандалозен, досега најподол и крајно срамен чин на антидржавност кој може да го направи еден амбасадор“, додаваат од Левица.
Според партијата, амбасадорот на Македонија во Рим, Весел МЕМЕДИ, се дрзнал своеглаво, со официјална нота да ги извести италијанските власти дека и валидните патни исправи со името Република Македонија од 12.02.2024 година се неважечки.
„Со ова, овој кадар на антимакедонската ДУИ прекршува бројни закони и покажува базична неписменост, со оглед дека единствено Министерството за внатрешни работи има надлежност да прогласи одредени патни исправи за неважечки, но и ги загрозува интересите на околу 100.000 македонски државјани кои живеат во Италија“, посочуваат од Левица.
Лeвица бара итно отповикување на овие два партиски кадри кои работат контра интересите на македонските државјани и го загрозуваат нивното основно чoвеково право на слобода на движење! Левица се залага за целосно професионализација и департизација на дипломатијата, и на усмерување на надворешната политика во насока на целосна заштита на националните интереси на Македонија, а не на вазалство и потчинетост!
Претседателскиот кандидат на Левица, проф д-р Билјана Ванковска, веќе истакна дека таа, од позиција на претседател на Републиката, веднаш би ги отповикала конзулот Муслиу и амбасадорот Мемеди.
„Поддршката за Левица и нејзиниот претседателски кандидат значат крај на овие антидржавни политики и браќање на достоинството на државата и македонскиот народ“, завршуваат од Левица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицотакис: Очекувам од новиот премиер изјава дека името на неговата земја е Северна Македонија и тоа ќе го користи во и вон неговата земја
„Очекувам од новиот премиер да даде јасна изјава дека го почитува Договорот од Преспа и дека името на неговата земја е Северна Македонија и тоа ќе го користи во и вон неговата земја“ рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервју за телевизијата Стар.
Говорејќи за надворешната политика, тој се осврна и на односите со Северна Македонија, посочувајќи дека Атина се стреми кон добри односи, но неопходно е почитување на Договорот од Преспа.
„Видов некои изјави на претседателката на Северна Македонија и мислам дека направи некои чекори назад од првичните изјави. Ние се стремиме кон добри односи со Северна Македонија, но многупати имаме кажано дека добрите односи поминуваат преку почитувањето на јадрото на Договорот што го потпишаа двете земји“, истакна тој.
„Договорот одреди едно име за сите и ова соседите мора да го почитуваат. И очекувам од новиот премиер, кога и штом ќе положи заклетва да даде јасна изјава дека го почитува Договорот од Преспа и дека името на неговата земја е Северна Македонија и тоа ќе го користи во и вон неговата земја“, кажа грчкиот премиер.
Македонија
Маричиќ – Бока: Европската интеграција на Северна Македонија мора да продолжи со превземање на одговорноста и обврските на патот кон ЕУ
Првиот заменик претседател за европски прашања Бојан Маричиќ денес оствари средба со Јанос Бока, министерот за европски прашања на Унгарија.
На средбата се говореше за приоритетите на унгарското претседателство со цел зајакнување и поддршка на процесот на европските интеграции на Северна Македонија во периодот што следи. Унгарија како претседавач ќе биде фокусирана на проширувањето на Европската Унија со земјите кои се дел од пакетот за проширување со фокус на Западен Балкан и Северна Македонија и со посебен акцент на спроведување на реформите.
Унгарија претседава со Советот на Европа од 1 Јули 2024 до крајот на годината.
Маричиќ изјави дека државата мора да го продолжи процесот на евроинтеграција, кој е дел од меѓународните заложби и обврски за просперитет на регионот, Европа и сите граѓани на државата.
Превземањето на обврските и исполнувањето на долгорочните планови со Европската Комисија се од витално значење за прогрес на државата, меѓународните стратешки партнери и за развојот на геополитичката мапа на регионот и Европа.
Маричиќ ја истакна важноста од носење на важни одлуки за понатамошно реализирање на стратешките цели на Северна Македонија и регионот за која се залагаат и земјите членки на ЕУ, регионот на Западен Балкан и сите стратешки партнери на државата.
На средбата во фокус беше и одлучноста односно заложбата на Европската Комисија за Планот за раст за земјите на Западен Балкан, можностите и конкретните мерки со кои земјите кои се дел од Планот за раст ќе ги почувствуваат придобивките од неговата имплементација во претпристапниот период се до полноправно членство во унијата, каде што природно, географски и идеолошки припаѓаат.
Маричиќ и Бока се сложија дека во последните 2 години беа постигнати значајни резултати во процесот на евроинтеграција на Северна Македонија, со реализација на скрининг процесот, отпочнувањето на преговорите за државата и комплетната подготовка за реализација на европската агенда на државата.
Европската интеграција мора да продолжи со превземањето на обврските на патот кон ЕУ со кои државата ќе се движи во правец на прогрес и значаен развој. Реализацијата на Планот за раст е исклучително важен процес, бара детално и вредно вклучување на сите капацитети со големи придобивки за државата и за сите граѓани во неа – рече Маричиќ.
Македонија
Мицкоски на средба со Мануел Сарацин: новиот пратенички состав и идната влада ќе бидат силно посветени на реформите и трансформацијата на Македонија
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски и пратениците и членови на ИК, Марија Митева и Антонијо Милошоски оствари средба со специјалниот претставник на Сојузна Република Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин.
Во духот на одличната соработка беше и оваа средба, како што информираат од ВМРО-ДПМНЕ, во која се потенцираше важноста за реформските процеси како и можностите за продлабочување на соработката помеѓу Македонија и Германија.
Мицкоски истакна дека новиот пратенички состав и идната влада ќе биде силно посветена на реформи и трансформација на Македонија.