Македонија
Џафери-Трента: Македонија нема да има друга шанса да направи силен исчекор напред во Европската Унија и НАТО
Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, се сретна со Елизабета Трента, министерка за одбрана во владата на Италија, која е во официјална посета на Република Македонија. На средбата, покрај претседателот на Собранието, присуствуваа и двајцата потпретседатели, Ременска и Мисовски, и членовите на Комисијата за одбрана.
На почетокот на заедничката средба претседателот Џафери изрази задоволство од извонредните и пријателски односи меѓу двете земји. Тој истакна дека особено се цени фактот што Италија силно ја поддржува нашата земја во рамките на берлинскиот процес, на мултилатерален план и воопшто во севкупните евро-атлантски интеграции на Република Македонија. Во продолжение претседателот ја запозна гостинката со актуелностите во однос на референдумскиот процес, чиј овластен носител е токму Собранието на Република Македонија. Притоа изрази очекување дека, освен силната меѓународна поддршка, и граѓаните на Република Македонија ќе го препознаат историскиот момент и дека Република Македонија нема да има друга шанса да направи силен исчекор напред во Европската Унија и НАТО.
Претседателот на Комисијата за одбрана, Хари Локвенец, ја запозна Трента со декларацијата за поддршка на пристапниот процес за членство на Република Македонија во НАТО, што неодамна беше едногласно донесена од Собранието на Република Македонија. Истакна дека стратешкиот одбранбен преглед ги отсликува реалните можности и проекции за одбраната на земјата, како и издвојувањето 2 отсто од буџетот за одбранбените сили. Во однос на реформите во безбедносниот сектор тој истакна дека тие подразбираат и зајакнување на довербата на граѓаните во безбедносните и сите други државни институции.
Министерката Трента истакна дека дијалогот и консензусот во одлучувањето и во носењето на стратешките одлуки се клучни за стабилна демократија. Истакна дека Италија и понатаму ќе ѝ дава силна поддршка на Република Македонија бидејќи регионот на Западен Балкан отсекогаш бил во фокусот на секоја италијанска влада. Верува дека исто како што сме имале заедничка историја, така ќе имаме и заедничка иднина во Европската Унија и НАТО. Потенцира дека евро-атлантската интеграција на Република Македонија е процес што не е само интеграција, туку истовремено и транзиција на целокупното општествено живеење и градење стабилна држава, во која странските инвеститори секогаш ќе имаат интерес да вложуваат.
Соговорниците споделија видувања и за натамошното развивање на билатералните односи и поинтензивна меѓупарламентарна соработка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Народната банка објавува повик за пријавување трудови за 57 сесија на Клубот на истражувачите
На 27 март 2026 година (петок), со почеток во 13 часот, во просториите на Народната банка ќе се одржи 57. сесија на Клубот на истражувачите.
„Доколку сакате да презентирате Ваш работен материјал на оваа сесија на Клубот на истражувачите, Ве покануваме да се пријавите со доставување на материјалот на е-адресата: [email protected], најдоцна до 18 март 2025 година (среда).
Трудовите треба да бидат изработени согласно со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето.
На сесиите на Клубот како платформа за дискусија и размена на стручни мислења, може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување/труд во работна верзија“.
Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и дискусија на научноистражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата. Зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер, за што можете да видите подетални информации на веб-страницата на Народната банка www.nbrm.mk, во делот Клуб на истражувачи.
Македонија
Герасимовски: Реконструкција на улицата ,,Светозар Марковиќ”, нов асфалт, тротоари и канализација
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, изврши увид во активностите за реконструкција на улицата „Светозар Марковиќ“ во населбата Ново Маало.
Реконструкцијата на улицата опфаќа површина од 1.310 м² и должина од 210 метри. Во моментот на терен се поставува нов асфалт.
„Во Центар се реализираат конкретни проекти, со стандарди што граѓаните ги заслужуваат. Секоја уредена улица е чекор поблиску кон поразвиена и побезбедна општина. Реконструкцијата на улицата ,,Светозар Марковиќ„ ќе овозможи полесно движење за граѓаните и безбеден сообраќај, воедно ќе придонесе за поуреден изглед на населбата“, посочи Герасимовски.
Реконструкцијата предвидува проширување на улицата, нови рабници и тротоари, ново улично осветлување и поставување атмосферска и фекална канализација.
„Во Општина Центар активно се работи на подобрување на инфраструктурата.Во тек е реконструкција на улицата „Мирослав Крлежа“ во Дебар Маало, а наскоро ќе а започнат градежните работи за реконструирање на вториот дел од улицата „Ленинова“
Македонија
Што ќе рече генералниот секретар на НАТО Марк Руте за Адамовиќ, Стоиљковиќ и врските со Русија, прашуваат од СДСМ
Со своите државнички политики СДСМ ја внесе Македонија во НАТО, преку една од најбрзите пристапни постапки во историјата на Алијансата – за помалку од две години. Со тоа обезбедивме трајна безбедност и сигурност за државата и граѓаните, истакнуваат од опозициската партија.
„Благодарение на таа посветеност и сериозна политика што ја води СДСМ, денес во овие тешки времиња што го погодија светот, граѓаните на Македонија се помирни, побезбедни и побезгрижни.
Генералениот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска доаѓа во посета на Македонија.
Прашањето е што ќе рече генералниот секретар на НАТО за назначувањето на почесниот конзул Душан Адамовиќ и за најблискиот соработник на Мицкоски- вицепремиерот Иван Стоиљковиќ кои имаат блиски врски со Русија“.
Прашуваат дали е тоа соодветно за земја членка на НАТО?
„Со денови прашуваме и нема одговор од Мицкоски за неговите врски со Душан Адамовиќ и по кои критериуми на седница на Влада го избра својот пријател за почесен конзул на Македонија во Србија.
За неговите ставови дека „Српска Македонија“ била окупирана, за бројните криминални афери со кои се поврзува, за неговите високи позиции во СНС – сестринската партија на ВМРО како и за неговите врски со Русија.
Нема одговори“.
Нема одговори, како што велат ниту за прославите на првиот соработник на Мицкоски во Владата, вицепремиерот Иван Стоиљковиќ, со „Ноќните волци“ блиски на Путин.
Дали ваквите кадри ја зајакнуваат или ја компромитираат нашата позиција во Алијансата и на меѓународен план“.

