Македонија
Џафери Фон дер Лајен во Брисел: Македонија има постигнато многу и треба да продолжи по европскиот пат
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери во Брисел се сретна со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Премиерот Џафери е во прва работна посета на Брисел и ја предводи владината делегација составена од првиот заменик на претседателот за европски прашања, Бојан Маричиќ, и министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
На средбата се разговараше за процесот на пристапните преговори на земјава за членство во Европската Унија, случувањата во Северна Македонија во врска со одржувањето на претседателските и парламентарни избори, како и за тековните состојби во регионот.
Во таа насока, беше констатирано дека Северна Македонија има постигнато голем напредок во процесот на пристапување кон Европската Унија.
Премиерот Џафери истакна дека, Владата во следниот период ќе продолжи со истата динамика, посветеност и навременост, да ги спроведува сите процеси и обврски кои произлегуваат од започнатите пристапни преговори со Европската Унија, како и дека Владата ја подржува започнатата постапка за измена на Уставот, за што посветено ќе работат да се обезбеди потребното мнозинство.
Претседателот на Владата и се заблагодари на претседателката на ЕК, Фон дер Лајен за иницијативата – План за раст, за што беше посочено дека претставува конкретна понуда за забрзана интеграција на Регионот, што високо се цени од страна на Северна Македонија.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен му го честиташе изборот на Џафери за претседател на Владата и изрази уверување дека Владата и во иднина ќе продолжи со активностите за постигнување на потребните реформи од пристапните преговори, но и од реформската агенда од Планот за раст.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патен правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

