Македонија
Џафери: Јас нема да се спуштам на ниво на Мицкоски и да навредувам на лична основа

Собранискиот спикер Талат Џафери од собраниската говорница им образложи на пратениците зошто смета дека и понатаму треба да ја врши својата функција по поднесувањето интерпелација против него од страна на ВМРО-ДПМНЕ.
„Извини, брат, јас сум бил примитивецот, јас ќе ги поднесам сите епитети, но ќе продолжам да си ја вршам работата совесно според закон и процедура. Нема интерпелација на пратеник, тоа е злоупотреба. Треба да оставиш една врата, како што сум оставил многу врати отворени. Ако некој ве бранел од сите оние напливи, тоа сум јас. Се сеќавате за обвинувањата за патни трошоци? Претседателот ви беше заштитата. Да си се погледнат во огледало оние што обвинуваат. Многу епитети ми беа доделени приватно во последните 30 дена. Разбирам дека јавноста очекува детали, но нема да зборувам. Јас нема да се спуштам на ниво на Христијан Мицкоски и да навредувам на лична основа затоа што нему му овозможив да седи во пленарната сала, што порано беше незамисливо“, рече Џафери.
Во однос на интерпелациите, Џафери им посочи на пратениците дека има стенограми и има записници од координациите, што и како е барано. Во однос на законитоста на неговата работа, Државниот завод за ревизија извршил ревизија на негово барање и во неговиот извештај немало ниту една забелешка во однос на законитоста и буџетирањето.
„Ревизорот укажа дека методологијата на исплата на плати не е соодветна на законските одредби и јас ви реков ‘колеги, дајте да донесеме закон со кој ќе ја разрешиме дилемата на Заводот за ревизија’. Вие велите: ‘не, што ќе ни кажат гласачите’. Е, па, тука се доаѓа за носење одлуки. Ви реков – јас ќе потпишам за вас. Ќе ме караа во јавноста, но со тој закон ќе спречевме штрајкови на улиците“, додаде претседателот на Собранието.
Орце Костов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Повеќе улици во Скопје утрово без струја

ЕВН Македонија известува дека утрово без електрична енергија се неколку делови од Скопје.
· во периодот од 05.00 до 13.00 часот, објектите на Сковин, живинарска фарма, Гама Градба, Беровиќ Бетон и Грин Екофарм во Маркова Сушица. ( општина Студеничани )
· во периодот од 08.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Козара бр. 68, Киро Гавриловски бр. 3 и бр. 5, објектот на ОУ Киро Глигоров како и објектите околу него. ( општина Центар )
· во периодот од 08.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. 519 и Миодраг Илиќ во населба Керамидница. ( општина Гази Баба )
· во периодот од 08.15 до 13.00 часот, корисниците од ул. Франце Прешерн – непарни броеви, Иван Цанкар – парни броеви и Вангел Дину. ( општина Карпош )
· во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. Момин Поток. ( општина Карпош )
Македонија
Сончево и малку посвежо, од сабота следува период на многу топло време

Сончево и малку посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Од сабота следува период на сончево и многу топло време со пораст на дневните температури. Особено топло ќе биде во првата половина од следната седмица.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.