Македонија
Џафер си ја отсекол раката со моторна пила, на Клиниката успешно му ја реплантираа
На Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија успешно е направена реплантација на десна подлактница врз 54-годишниот Џафер Алија, кој пред повеќе од еден месец се повредил со моторна пила.
Министерот за здравство, Венко Филипче, утрово го посети пациентот, кој на Клиниката бил примен во тешка состојба.
„Сега пациентот се чуствува добро, неизмерна е неговата радост што десната рака повторно може да ја користи“, рече Филипче.
Ваков вид операција на Клиниката нема направено изминативе триесетина години.
Оваа комплексна интервенција беше изведена од тим на стручни хирурзи и анестезиолози од Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија: доц. д-р Софија Пејкова, д-р Бисера Николовска, д-р Гордана Георгиева; од Универзитетската клиника за кардиохиругија: д-р Мишел Андов; од Универзитетската клиника за трауматологија: д-р Игор Мерџановски; од Универзитетската клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување: д-р Јасна Бушиноска. Тимот беше во постојана комуникација со проф. д-р Оскар Азман, пластичен хирург од Медицинскиот универзитет во Виена и визитинг-професор на Медицински факултет во Скопје.
Реплантацијата на горен екстремитет е една од најкомплексните хируршки интервенции, која вклучува остеосинтеза на коските, реваскуларизација-анастомиоза на артерии и вени, реконструкција на нервите и на мускуло-тетивниот апарат и реконструкција на мекоткивната покривка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

