Македонија
(Видео) Џолев: Убавината на кривичниот суд ќе дојде однатре
Убавината на кривичниот суд ќе дојде однатре, порача претседателот на Основниот суд 1 Скопје, Иван Џолев, на отворањето на новата зграда на Судот. Џолев изјави дека очекува да се смени перцепцијата на граѓаните за судството и судот да стане гарант на правдата и правичноста.
„Надворешниот дел на зградата беше готов во 2013 година. Разни луѓе различно ја доживуваа надворешноста, на некои им се допаѓаше, а некои ја критикуваа. Кога сме кај убавината новата зграда ќе ја споредам со човекот. Лично сметам дека убавината доаѓа однатре, а не однадвор. Уште како мал ме учеа дека убавината доаѓа од внатрешноста. Убав човек е оној кој е убав однатре. Како и кај луѓето, така новиот кривичен суд убавината ќе ја креиара однатре, а ќе ја создадеме ние вработените во судот“, рече Џолев.
Верувам, додаде тој, дека во догледно време кривичниот суд ќе биде гордост на судството во Македонија. Гледано однадвор, рече Џолев, очигледно е дека кривичниот суд со новата зграда доби голем и репрезентативен објект за кој е сигурен дека ќе ги задоволи сите просторни потреби на Судот. Тој рече дека зградата располага со 25 судници, околу 100 канцеларии, компјутер за секој вработен, гаража, модерна техничка поддршка, внатрешен и надворешен видео-надзор, просторија за препознавање…

На отворањето присуствуваа заменик министерот за правда Оливер Ристовски, претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски, претседателот на Судскиот совет Зоран Караџовски, државниот обвинител Љубомир Јовески и други судии и обвинители.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.
Македонија
(Видео) Безбеден град денес регистрираше 500 казни
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва преку објава на социјалната мрежа Фејсбук им порача на граѓаните дека треба да бидат горди на себе.
-Први февруари 2026 година, околу 20 часот. Има драстично намалување на бројката на сообраќајни прекршоци споредено со пред 2 месеци кога почнавме со тест периодот. Имаме околу 500 сообраќајни прекршоци констатирани од страна на паметните камери и сакам да укажам огромна благодарност до македонските граѓани и совесните учесници во рамки на сообраќајот зашто вие сте тие кои овозможивте драстично да се намали бројката за период од околу 2 месеци од 120 илјади прекршоци на 500, порача министерот.

