Македонија
Левицата: Две години од францускиот предлог, остануваме единствени против бугаризацијата на Македонија
На 17 јули 2022 година, во вжештена атмосфера на народни протести, од страна на тогашната Влада предводена од пасокизираните квислинзи СДС и антимакедонските ДУИ, незаконски беше прифатен т.н. Француски предлог, со кој патот на Македонија кон Европската Унија беше официјално условен со бугаризација на македонската историја и држава. По Договорот за добрососедство со Бугарија и Преспанскиот договор, со Францускиот предлог Македонија продолжи парче по парче да губи од својата самобитност, подредувајќи ги националните интереси на странски национал-шовинистички и великодржавни апетити, велат од Левица.
„Новата Влада предводена од ДПМНЕ, исто така, одбива да застане одлучно во одбрана на националните интереси и нема преземено ниту еден чекор за поништување на штетните последици од Францускиот предлог, кој предвидува историски РЕВИЗИОНИЗАМ, менувања на учебници, споделување на државна архива, отворање на фашистички клубови, за на крај, повторно од бугарското вето да зависи продолжувањето на европскиот пат, за кое Македонија се принудува на УСТАВНИ ИЗМЕНИ! Со оглед на историјата на ДПМНЕ на учество во национални предавства и нивната директна улога во задушувањето на народниот револт и протест против Францускиот предлог, како и предизборното ветување на нивниот коалиционен партнер ЗНАМ на Максим Димитривски за внесување на Бугарите во Уставот во првите 200 дена од доаѓањето на власт, Левица останува будно да го следи секој чекор на новата Влада и жестоко ќе се спротистави на било какви обиди за нови национални предавства“, додаваат од партијата.
Како и претходно, и денес Левица повторно укажува дека уставните измени, апсолутно, не гарантираат продолжување на интеграцискиот пат во ЕУ за Македонија!
„Доколку се случат овие измени, повторно ќе се отвори патот за бројни бугарски барања (како што се отворија со Договорот за добрососедство) и Бугарија повторно ќе може да го користи правото на ВЕТО за секое наредно поглавје, а следејќи ја нивната политика повеќе од сигурно е дека во иднина ветото ќе продолжи да биде злоупотребувано. Левица стои на ставот дека евро-интеграциските процеси треба да продолжат, исклучително, преку призмата на внатрешните реформи и Копенхашките критериуми, каде ќе бидеме третирани еднакво, како и останатите земји кои станале дел од европското семејство. ЕУ не смее да дозволи Бугарија да ги злоупотребува интеграциските процеси за реализација на своите империјалистички и шовинистички политики!Како глас на народот во Собранието продолжуваме да ја застапуваме волјата на 80% од Македонците кои се против овој предлог“, завршуваат од Левица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Николоски: Почна постапката за воведување директна авиолинија со Саудиска Арабија
Министерството за транспорт ја започна постапката за склучување на Спогодба за воздушен сообраќај со Кралството на Саудиска Арбија, информира министерот, Александар Николоски.
Тој вели дека целта на Спогодбата е воспоставување на правна рамка што ќе овозможи отворање на редовни авиолинии меѓу Македонија и Саудиска Арабија и потенцира дека досега меѓу двете држави не се одржувал воздушен сообраќај.
„Со Спогодбата се создаваат либерални и фер услови за работа на авиопревозниците, преку поттикнување на конкуренција, пониски цени за патниците, како и можност за воведување нови и поквалитетни услуги. Истовремено, Спогодбата гарантира највисоко ниво на безбедност и сигурност во воздушниот сообраќај во согласност со меѓународните стандарди“, вели Николоски.
Тој додава дека се очекува со воспоставувањето на редовни авиолинии меѓу двете земји да придонесе за зголемување на економската соработка, туризмот, трговската размена и севкупните билатерални односи.
Николоски најави дека Министерството за транспорт во следниот период ќе ги преземе сите неопходни активности за започнување на официјалните процедури за регулирање на воздушниот сообраќај, согласно националните прописи и меѓународните стандарди во областа на цивилното воздухопловство.
Македонија
(Фото) На повеќе локации низ Скопје паднаа дрвја, Ѓорѓиевски: Екипите се на терен, реагираме навремено
Поради засилениот ветер и неповолните временски услови, на повеќе локации низ градот беа регистрирани паднати и оштетени дрвја.
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски извести дека градските служби веднаш излегле на терен и постапуваат со целосна мобилизација, со цел отстранување на опасностите и обезбедување безбедно движење за граѓаните.
„Се сечат и расчистуваат паднатите дрвја, се отстрануваат скршените гранки и се нормализира сообраќајот таму каде што имаше застој. Приоритет ни е безбедноста на граѓаните и непреченото функционирање на градот“, рече Ѓорѓиевски.
Тој апелираше до сите на зголемена внимателност додека траат активностите на терен.
Македонија
(Фото) Силниот ветер откорна покрив во училиште во Гевгелија
Преку Единствениот број за итни повици 112 е примена пријава дека поради силен ветер летнала лимената конструкција од покривот на основното училиште „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија, соопшти Центарот за управување со кризи.

Според информациите, нема повредени лица. Побарана е интервенција од службени лица од МВР, како и од надлежните институции.

Силниот ветер направи проблеми и во Скопје. На шест локации се пријавени паднати дрвја и искинати кабли, при што е причинета материјална штета на повеќе автомобили.
За состојбата се известени СВР Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“, кои преземаат мерки во рамки на своите надлежности.

