Македонија
1.342 новозаразени од Ковид-19, починаа 22 лица
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.399 тестирања, а регистрирани се 1.342 нови случаја на Ковид-19, и тоа во: Скопје-479, Куманово-52, Дебар-20, Штип-45, Прилеп-84, Тетово-58, Струга-52, Велес-59, Битола-83, Охрид-49, Кавадарци-42, Гостивар-63, Гевгелија-33, Струмица-29, Крива Паланка-12, Радовиш-12, Крушево-5, Кочани-33, Пробиштип-10, Македонски Брод-2, Пехчево-2, Берово-4, Валандово-4, Виница-4, Делчево-22, Кратово-7, Свети Николе-13, Кичево-31, Ресен-13, Неготино-18 и два во Демир Хисар.
Институтот за јавно здравје денеска регистрира 679 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје-266, Куманово-49, Штип-30, Прилеп-51, Тетово-1, Струга-30, Велес-13, Битола-56, Охрид-29, Кавадарци-22, Гостивар-2, Гевгелија-3, Струмица-16, Крива Паланка-3, Радовиш-10, Кочани-14, Пробиштип-3, Македонски Брод-3, Пехчево-4, Берово-6, Валандово-2, Виница-8, Делчево-6, Кратово-8, Свети Николе-11, Кичево-21, Ресен-3, Неготино-8 и еден од Крушево.
Починати се 22 лица – седум пациенти од Скопје (70, 61, 73, 81, 62, 65 и 69 години), еден од Куманово (79), двајца од Штип (81 и 78 години), четири пациенти од Прилеп (84, 68, 69 и 79 години), еден од Струга (77), двајца од Велес (72 и 73 години), еден од Охрид (87), еден од Гостивар (71), еден од Струмица (67), еден од Крушево (71) и еден пациент од Берово (86). Од нив еден пациент е починат вон, другите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 65.231, бројката на оздравени пациенти е 41.656, на починати е 1.847, а бројот на активни случаи изнесува 21.728. Од вчера се евидентира еден контролен тест, а според досега завршените епидемиолошки анализи, во моментот статистиката по градови е следна:
• Скопје 28.368, активни 10.477
• Куманово 3.893, активни 886
• Дебар 487, активни 122
• Штип 2.784, активни 523
• Прилеп 3.231, активни 1.031
• Тетово 3.963, активни 974
• Струга 1.559, активни 466
• Велес 2.117, активни 725
• Битола 2.256, активни 942
• Охрид 1.718, активни 594
• Кавадарци 1.358, активни 523
• Гостивар 2.708, активни 996
• Гевгелија 799, активни 263 (60 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 140 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 1.785, активни 568
• Крива Паланка 461, активни 139
• Радовиш 456, активни 118
• Крушево 141, активни 76
• Кочани 1.285, активни 246
• Пробиштип 378, активни 95
• Демир Хисар 205, активни 76
• Македонски Брод 177, активни 49
• Пехчево 104, активни 19
• Берово 395, активни 102
• Валандово 227, активни 66
• Виница 383, активни 142
• Делчево 495, активни 229 (146 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 163, активни 43
• Свети Николе 866, активни 226
• Кичево 1.331, активни 475
• Ресен 492, активни 200
• Неготино 646, активни 337 (91 лице од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 3.399 теста се преку: ИЈЗ – 1.220, ЦЈЗ Скопје – 64, „Авицена“ – 303, „Биотек“ – 248, МАНУ – 221, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 182, „Систина“ со PCR-метода – 180, лабораторија „Лаор“ – 55, Судска медицина – 18, ЦЈЗ Битола – 61, Инфективна клиника – 9, ГАК – 11, „Синлаб“ – 74, „Ремедика„“ – 19, лабораторијата во болницата во Козле – 18, ЈЗУ (рапид-тест) – 715, УК Пулмологија со алергологија – 1. Досега во земјата се направени вкупно 341.261 тестирање на Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Запленети пиштоли, едно лице е во притвор, спречен обид за сериозен меѓународен криминал, соопшти Царинската управа
Царинската управа соопшти дека е спречен обид за сериозен меѓународен криминал, при што биле запленети девет пиштоли од кои пет со голема пробивна моќ, а едно лице, македонски државјанин, е лишено од слобода и се наоѓа во притвор.
„Делото е откриено во вторникот вечерта од страна на царински службеници на граничниот премин Богородица, на излез од државата, при детален претрес на возило со македонски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин при што во кровот, помеѓу лимот и тапацирот, се пронајдени пиштоли од марката „Црвена Застава“.
Случајот е предаден на Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги, кое го лиши од слобода лицето, и по преземање предистражни дејствија против него е поднесена кривична пријава до ОЈО Гевгелија за сторено кривично дело „неовластено држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“, казниво согласно Кривичниот законик. По наредба на јавен обвинител, лицето се наоѓа во притвор, а истрагата е во тек“.
Македонија
Земјотрес од Албанија почувствуван во Охрид и Струга
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија денеска во 11 часот и 28 минути регистрира земјотрес со епицентар во соседна Република Албанија, на околу 155 километри југозападно од Скопје.
Како што информира Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математички факултет, земјотресот имал локална Рихтерова магнитуда од ML 3,8.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, потресот бил почувствуван во Охрид, Струга и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Од Сеизмолошката опсерваторија апелираат граѓаните кои го почувствувале земјотресот, за потребите на сеизмолошките истражувања, да го пополнат прашалникот за почувствуваност на официјалната интернет-страница на опсерваторијата или да се јават на бројот 112.
Македонија
Преку фирми и даночни измами биле извлечени 4,8 милиони евра од државата – Обвинителството гони 20 лица, вмешани службеници од УЈП
Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, истражителите од Истражниот центар при обвинителството, со асистенција на МВР, вчера до доцните вечерни часови вршеа претреси на 16 локации низ државата. При претресите се пронајдени и времено одземени фиктивна документација, парични средства, оружје и лажни печати од правни лица, а осомничените лица се обезбедени.
Акцијата е резултат на постапувања на Истражниот центар на ОЈО ГОКК и Управата за финансиско разузнавање, по известување на АНБ, при што беа обезбедени докази за основано сомнение за кривични дела од финансиска природа. Врз основа на ова ОЈО ГОКК отвори предмет и донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 20 лица кои го оштетиле буџетот на државата за 297.733.844 денари или 4,8 милиони евра.
Првоосомничениот, српски државјанин и сопственик и управител на две правни лица, заедно со двајца службеници од УЈП – Регионална дирекција Скопје, во текот на 2023 година формирале група со цел вршење на кривични дела даночно затајување, даночна измама, перење пари и злоупотреба на службена положба. Во периодот 2023–2025 година, во групата биле вклучени и други сопственици, управители и вработени во правни лица во Скопје и Гевгелија.
Со прикажување неточни податоци во даночните пријави и со помош од даночни службеници од УЈП, во периодот 2023–2024 година првоосомничениот избегнал плаќање данок во износ од 11.593.403 денари. Останатите осомничени сопственици и управители на правни лица со лажни пријави побарале, а осомничените вработени им одобриле неосновано враќање данок за нерезидентни правни лица со што е нанесена штета на буџетот во износ од 31.175.168 денари. Дополнително, дел од осомничените во истиот период вршеле трансфер и подигање парични средства со цел прикривање на потеклото на парите прибавени со кривични дела, во вкупен износ од 91.985.197 денари.
Досегашните прибрани докази упатуваат дека осомничените вработени во УЈП – Регионална дирекција Скопје, од кои дел на високи раководни позиции, со повеќекратни злоупотреби на службената положба, нанеле вкупна штета на Буџетот од најмалку 162.980.076 денари.
Јавниот обвинител ценејќи ги околностите утврди дека се исполнети условите за определување на мерката притвор за десет осомничени и на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје му предложи на осум лица да им определи мерка притвор, додека за две лица истата е веќе определена во предметот поврзан со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој на РСМ. За останатите 10 лица јавниот обвинител предложи мерки за обезбедување присуство меѓу кои и забрана за вршење на работни активности поврзани со кривичното дело и работни активности како службени лица во УЈП на РСМ.

