Македонија
1.732 новозаразени и 13 починати од Ковид-19
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 6.928 теста, а регистрирани се 1.732 нови случаја на Ковид-19, и тоа од: Скопје – 788, Битола – 159, Прилеп – 95, Куманово – 79, Охрид – 57, Кавадарци – 47, Велес – 45, Кичево – 38, Тетово – 35, Штип – 34, Струмица – 33, Ресен – 31, Гостивар – 30, Неготино – 29, Гевгелија – 27, Кочани – 26, Радовиш – 24, Делчево и Крушево по 20, Струга – 18, Валандово – 16, Демир Хисар – 14, Свети Николе – 13, Берово – 12, Богданци – 11, Крива Паланка – 10, Пробиштип – 5, Дебар, Виница и Кратово по 3, Македонски Брод, Демир Капија и Македонска Каменица по 2 и еден заразен во Пехчево.
Од вкупниот број позитивни, регистрирани се 204 реинфекции, соопштија здравствените власти.
Во текот на изминатото деноноќие пријавени се 7 починати лица: по двајца од Скопје (68 и 88 години) и Велес (57 и 83 години) и по едно починато лице од Прилеп (84), Кавадарци (69) и Свети Николе (79). Сите пријавени се починати во болнички услови.
Во согласност со регистарот на починати со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, забележани се 6 смртни случаи во периодот од 24 декември до 11 јануари. Според податоците, меѓу овие починати има и бебе со неполна година, а најстариот бил на возраст од 91 година. Тројца од шестемина починати биле од Скопје, а другите од Охрид, Кавадарци и од Куманово. Четворица од нив починале во болнички, а две лица во домашни услови.
Во изминатите 24 часа регистрирани сe и 1.035 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 659, Битола – 114, Прилеп – 52, Кавадарци – 32, Штип – 22, Куманово – 18, Тетово – 11, Охрид, Струмица и Неготино по 10, Ресен, Гевгелија и Струга по 9, Гостивар и Радовиш по 8, Велес и Богданци по 7, Крушево и Крива Паланка по 6, Пробиштип – 5, Кичево, Делчево, Валандово и Демир Хисар по 4, Кочани – 3, Свети Николе – 2 и по еден оздравен од Демир Капија и Пехчево.
Направените 6.928 теста се преку: ИЈЗ – 448, ЦЈЗ Скопје – 98, ЦЈЗ Битола – 113, ЦЈЗ Прилеп – 58, ЦЈЗ Тетово – 19, ЦЈЗ Куманово – 90, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 3, лабораторија во болницата во Козле – 23, Институт за микробиологија – 186, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 184, „Авицена“ – 243, „Биотек“ – 430, „Систина“ – 122, лабораторија „Лаор“ – 168, „Синлаб“ – 51, „Ремедика“ – 14, „Плодност“ – 122, „Генеа“ – 18, „Никоб лаб“ – 683, „ВФВ медикал“ – 448, „Ели медика“ – 21, „Ројал медика“ – 42, „Спектра-ММ“ – 34, „Рапид лаб“ – 48, „Жан Митрев Струмица“ – 35, „Нова лаб дијагностика“ – 15, „Рамус“ – 32, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 3.180.
Досега во земјата се направени вкупно 1.692.991 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 241.651, бројот на оздравени пациенти е 218.340, на починати е 8.083, а бројот на активни случаи изнесува 15.228.
Според епидемиолошките анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 108.346, Активни 8.333
Куманово 13.670, Активни 490
Прилеп 11.723, Активни 839
Тетово 11.653, Активни 206
Битола 10.870, Активни 1423
Гостивар 8.280, Активни 183
Кавадарци 7.913, Активни 407
Велес 7.809, Активни 270
Охрид 7.345, Активни 535
Штип 7.051, Активни 259
Струмица 6.583, Активни 267
Кичево 4.538, Активни 202
Кочани 4.276, Активни 152
Струга 4.079, Активни 131
Гевгелија 3.222, Активни 249
Неготино 2.797, Активни 133
Свети Николе 2.227, Активни 66
Крива Паланка 2.050, Активни 81
Ресен 2.049, Активни 151
Радовиш 1.979, Активни 151
Делчево 1.565, Активни 86
Берово 1.528, Активни 45
Дебар 1.474, Активни 15
Виница 1.210, Активни 31
Пробиштип 1.199, Активни 49
Валандово 1.182, Активни 133
Кратово 808, Активни 19
Богданци 749, Активни 56
Крушево 741, Активни 130
Демир Хисар 693, Активни 46
Македонски Брод 579, Активни 32
Демир Капија 451, Активни 15
Македонска Каменица 446, Активни 18
Пехчево 376, Активни 16
Дојран 190, Активни 9
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Постои нешто магично во оваа земја“: Проштална порака на Агелер до македонските граѓани
Американската амбасадорка Ангела Агелер ѝ се обрати на јавноста со отворено писмо по повод завршувањето на нејзиниот тригодишен мандат во земјава, истакнувајќи ја силната поддршка на Соединети Американски Држави и вербата во силата и храброста на граѓаните на Северна Македонија.
Агелер потсетува дека пристигнала во Скопје пред три години како десетта амбасадорка на САД и дека била, и останува, длабоко почестена од можноста да ја претставува својата земја. Таа наведува дека уште на почетокот на мандатот изразила силна вера во македонските граѓани и дека таа вера со текот на времето била потврдена и зајакната.
Во писмото, амбасадорката посочи дека во одредени сегменти е постигнат напредок, а во други останува уште работа.
Агелер потсетува дека 2025 година ја одбележала 30-годишнината од билатералните односи меѓу САД и Северна Македонија и наведува дека заедничката работа донела конкретни резултати во области како економски раст, енергетска независност, судска реформа, инфраструктура, образование, културна заштита и евроатлантска интеграција.
Агелер посебно ја нагласува личната димензија на мандатот, наведувајќи дека низ земјата била примена во училишта, цркви, судници и домови, и дека со граѓаните водела отворени и искрени разговори, дури и кога постоеле несогласувања.
„Постои нешто магично во оваа земја – нејзината неверојатна убавина, нејзината историја, традиции и култури; нејзините противречности и извонредната отпорност и изненадувачкиот хумор на нејзините луѓе наспроти големите предизвици и длабоките загуби. Сето тоа го споделивте со мене, и ја напуштам Северна Македонија со чувство на огромна благодарност за вашата љубезност, за вашата несебична дарежливост и за силата за која знам дека ја имате за да ја надминете секоја пречка што ќе се најде на вашиот пат“, порача.
Во завршната порака, амбасадорката нагласува дека САД секогаш ќе стојат покрај Северна Македонија и ја повторува својата верба во визијата за посилна, побезбедна и попросперитетна земја, целосно интегрирана како евроатлантски партнер и сојузник.
Македонија
Променливо oблачно време до сабота, а потоа врнежи од дожд и снег
Следниве денови ќе носат променливо време со постепено покачување на температурите, проследено со врнежи кон крајот на неделта.
Според прогнозата на Хидрометеоролошката служба, утре на територијата на Македонија ќе преовладува променливо облачно со подолги сончеви периоди. Претпладнево се очекува магла во поедин котлини. Ветрот ќе биде слаб и од променлив правец. Минималните температури ќе се движат од -2 до 2 °C, додека максималните ќе достигнат од 6 до 10 °C.
За главниот град се предвидува променливо облачно со сончеви периоди и можност за магла претпладне. Температурите во Скопје ќе варираат од -1 °C минимална до 7 °C максимална.
Во наредните денови, до сабота времето ќе остане променливо облачно со пораст на дневните температури и појава на магла по одделни котлини. Забележителна промена се очекува од сабота кон крајот на денот, кога ќе започнат локални врнежи од дожд, а на планините од снег.
Неделата врнежите ќе се интензивираат, особено во попладневните и ноќните часови. Во тој период се очекуваат пообилни врнежи, кои на повисоките места ќе преминуваат во снег. Врнежите од дожд и снег ќе продолжат и во понеделник.
Македонија
(Видео) Филипче: Искрено верувам во ова што го правам, сакам да бидеме европско општество без корупција
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче на прес-конференција потенцираше дека неговата работа е искрена, се темели на чесни намери и верува доколку граѓаните дадат доверба на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија на некој следен циклус на избори да ја предводи владата, Македонија може да биде европска држава без корупција.
„Искрено верувам во ова што го правам. Јас сум човек што работи милиметарски прецизна работа и добро сум пресметал пред да се нафатам да го правам ова, што сакам, која е позадината и што сакам да постигнам. Сакам ова општество да заздрави, да биде исчистено од корупција, да се направат реформите да влеземе во Европската Унија затоа што тоа е стратешката цел“, рече Филипче.

