Македонија
10 починати и 449 новозаразени од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.283 тестирања, а регистрирани се 449 нови случаи на Ковид-19 во Скопје – 170, Прилеп – 55, Кавадарци – 35, Гевгелија – 23, Тетово – 19, Охрид и Куманово по 17, Битола и Неготино по 16, Велес – 10, Струга – 8, Струмица и Ресен по 7, Гостивар – 6, Штип, Делчево и Богданци по 5, Крива Паланка, Берово и Кратово по 4, Пробиштип и Демир Капија по 3, Кичево, Дебар, Валандово и Крушево по 2 и Кочани и Радовиш по еден случај.
Регистрирани се и 227 оздравени пациенти од Скопје – 102, Куманово – 41, Прилеп – 17, Кавадарци – 14, Тетово и Велес по 8, Штип – 6, Гостивар и Кочани по 5, Битола и Струмица по 4, Гевгелија, Неготино, Ресен и Крушево по 2 и Дебар, Пробиштип, Виница, Дојран и Македонски Брод по еден оздравен.
Пријавени се вкупно 10 починати лица. Меѓу нив се 3 пациенти од Скопје (83, 79 и 65 години), по еден од Тетово (72), Куманово (71), Прилеп (79), Велес (84), Охрид (58), Кавадарци (65) и Делчево (75). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.
Направените 3.283 тестови се преку: ИЈЗ-591, ЦЈЗ Скопје-66, Авицена-312, Биотек-207, Жан Митрев (Филип Втори)-158, Систина-232, Лаор–411, Судска медицина-7, ЦЈЗ Битола-140, Синлаб-191, Ремедика-23, ИБЗД Козле-7, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 932, УК Пулмологија со алергологија–3, ГОБ 8-ми Септември-3.
Досега во земјата се направени вкупно 500.551 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 99.031, бројката на оздравени пациенти е 89.249, на починати е 3.047, а бројот на активни случаи изнесува 6.735.
Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов статистиката по градови е следна:
Скопје 43.233, активни 2.952
Куманово 5.445, активни 214
Тетово 5.338, активни 236
Прилеп 5.082, активни 474
Гостивар 3.723, активни 115
Штип 3.602, активни 95
Битола 3.357, активни 133
Велес 3.349, активни 238
Охрид 3.118, активни 392
Кавадарци 3.090, активни 466
Струмица 2.657, активни 155
Струга 2.351, активни 173
Кочани 1.782, активни 47
Кичево 1.757, активни 62
Свети Николе 1.100, активни 24
Гевгелија 1.123, активни 132
Неготино 1.102, активни 123
Дебар 787, активни 43
Ресен 791, активни 64
Крива Паланка 784 , активни 54
Радовиш 742, активни 40
Делчево 720, активни 230
Берово 634, активни 32
Пробиштип 529, активни 22
Виница 508, активни 21
Валандово 351, активни 23
Кратово 265, активни 34
Демир Хисар 257, активни 12
Македонски Брод 251, активни 7
Крушево 252, активни 51
Богданци 245, активни 21
Демир Капија 234, активни 33
Македонска Каменица 193, активни 5
Пехчево 184, активни 3
Дојран 95, активни 9
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Незадоволството од локалната власт во Куманово достигна точка на вриење, ветувам силна и одлучна битка да го вратиме во рацете на кумановци“, најави Костовски

„Огромна чест ми е да бидам кандидат за градоначалник на нашето Куманово од СДСМ и коалицијата на претстојните локални избори. Му благодарам на раководството и на претседателот Венко Филипче за довербата, и на сите оние кои застанаа зад мене. Ме радува што огромен број граѓани ми ја дадоа поддршката овие денови, што е јасен сигнал дека Куманово бара промени“, напиша на социјалните мрежи, кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово, Мартин Костовски.
„Незадоволството од локалната власт во Куманово достигна точка на вриење. Работите веќе четири години одат во погрешна насока и тоа знам дека сите вие го чувствувате и гледате. Максим Димитриевски не заслужува реизбор – ги изневери сите ветувања дадени пред граѓаните. Куманово се дави во смет и пропадната инфраструктура, се случува урбанистички хаос кој го креира Димитриевски заради сопствените бизнис интереси. Куманово во 2025 сè уште кубури со вода, а паркинг место нема ни за лек.
Димитриевски ги изневери сите кои гласаа за него. Наместо коректор на власта, стана пион на Мицкоски и тројански коњ кој треба да ја дели опозицијата и СДСМ. Човек кој ги погази сите наводни принципи и молчи пред криминалот на неговите коалициски партнери. Човек кој ведне глава пред патронот Мицкоски. Единствено нешто што Максим добро го прави тоа неговиот бизнис со оние за кои до вчера велеше дека се криминалци.
Куманово може подобро! Ветувам силна и одлучна битка да го вратиме Куманово во наши раце, во раце на кумановци. Ветувам дека ќе одам од човек до човек за да ја пренесам мојата идеја за подобра и пофункционална општина која ќе работи во интерес на сите граѓани на Куманово. Ветувам дека СДСМ во Куманово ќе се обедини и дека СДСМ ќе се врати многу силно! Одиме на победа!“, додаде тој.
Македонија
Дел од Шуто Оризари денеска без струја

Од ЕВН – Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од Шуто Оризари место викано Пирков Рид. (општина Шуто Оризари)
Македонија
Претежно сончево и многу топло

Времето денеска, претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Под влијание на топла воздушна маса од југ, до средината на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност.
Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надминува 40°C.
Во недела во попладневните и вечерните часови ќе има услови за локална нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.