Македонија
10 април, вториот ден на Велигден, неработен за граѓаните од католичка вероисповед
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2021/04/katolici-danas-slave-uskrs-najveci-krscanski-blagdan-uskrs_6069626f344e0.jpeg)
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека во согласност со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр. 21/98 и 18/07), 10 април 2023 година (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден, е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Република Северна Македонија.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од католичка вероисповед им го честита празникот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Топлотен бран во Македонија: Бремените и лицата над 60 години да се ослободат од работа, децата да не излегуваат на отворено до 17 часот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/06/64781937_858864034473532_3515921002292838400_n.jpg)
Владата на барање на Министерството за здравство, одржа вонредна седница, поради најавите за топлотен бран во државата и донесе соодветни препораки.
Од Институтот за јавно здравје и метео-алармот на Управата за хидрометеоролошки работи се добиени информации дека од утре (среда, 19.06.) до недела (23.06) територијата на цела држава ќе биде зафатена од топлотен бран – портокалова фаза, со што ќе важат препораките за намалување на ризиците од високи температури, согласно Акцискиот план на Министерство за здравство за превенирање на последиците од топлотни бранови врз здравјето на населението.
Согласно ова, на предлог на Министерството за здравство се донесени следните заклучоци за периодот од 19 до 23 јуни за целата територија на државата:
1. Ослободување од работните обврски на најранливите групи население, поточно: бремените жени и лицата на возраст над 60 години;
2. Во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот;
3. Единиците на локалната самоуправа, Црвен крст и центрите за социјални работи, во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица, бездомни лица;
4. Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.
Македонија
(Видео) Спасовски: Каде што има големи ветувањата, одете со мала торба, предлогот за влада е без план во економијата и стратешките цели
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/spasovski1.jpeg)
Од она што денеска беше соопштено во јавноста при поднесувањето на предлогот за работа и состав на новата влада јасно е дека не постои јасен план во делот на економијата, нема јасни правци за стратешките интереси, а кадровскиот потенцијал што се нуди не одговара на очекувањата на граѓаните, рече денеска во изјава за медиумите координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски.
„Од поднесениот предлог за состав на новата влада може да се констатира дека се продолжува во насока на големи ветувања и напразно кревање на очекувањата на граѓаните. Во суштина, важи народната: каде што имаат големи ветувања, одете со мала торба“, рече Спасовски.
Не постои јасен план во делот на економијата, додаде тој.
„Не постои јасен план во делот на економијата. Како и на кој начин ќе се заштити минималната плата? Како ќе расте просечната плата во државата? Нема детален план како ќе растат пензиите и кој ќе биде системот на гарантирање на растот на пензиите. Како ќе се стопираат зголемувањата на цените, што ќе се прави во делот на здравството како еден од клучните сегменти“, посочи Спасовски.
За жал, немаме ниту јасни правци за исполнување на нашите стратешки интерери, членството во ЕУ, освен декларативните, потенцира Спасовски.
Кадровскиот потецнијал што се нуди не може да одговори на очекувањата на граѓаните ниту, пак, на ветувањата што беа дадени во предизборниот период, додаде тој.
„Ова ќе биде влада која е составена, од една страна, со кадри што креираа политики во еден период на вледеењето на режимот на ВМРО-ДПМНЕ до 2017 година, кои не може да понудат ништо ново или подобро од она што било во тој период. Од друга страна, кадри што не биле на позиции и за кои не можеме да кажеме како ќе постапуваат. Има предложени кадри за кои самата ВМРО-ДПМНЕ имаше многу негативни ставови и мислења како опозиција. Се сеќавате на изјавите за кандидатот за министер за здравство, така што сето тоа уште еднаш потврдува дека нема реалност во ветувањата. Детаљно ќе ја анализираме програма и на седницата за избор на влада ќе дебатираме со факти и аргументи“, рече пратеникот Оливер Спасовски денеска во изјава за медиумите во македонското Собрание.
Македонија
Мицкоски на средба со амбасадорот на УНДП, Григоријан: Констатирани континуираната поддршка и можноста за уште повеќе заеднички проекти со владата на ВМРО-ДПМНЕ
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/mickoski-perinski.jpg)
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со предлог-министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денеска оствари средба со амбасадорот и постојан претставник на УНДП, Армен Григоријан, и Билјана Цветановска-Гугоска, раководителката на секторот за демократско владеење во УНДП.
На средбата се разговараше за идните чекори на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, како и за проектите што би се реализирале во рамките на Министерството за локална самоуправа, а би ги опфатило локалните самоуправи.
Воедно, беа констатирани добрата соработка, како и помошта и поддршката на УНДП, кои во континуитет ги дава во Македонија, и нивната исклучителна важност во земјата.
Претседателот Мицкоски се заблагодари на досегашната соработка и потенцира дека во иднина со владата на ВМРО-ДПМНЕ постои можност за нивно продлабочување и реализирање уште поголем број заеднички проекти.