Македонија
10-годишнина од убиствата кај Смилковското Езеро – градоначалниците на Бутел и Гази Баба запалија свеќи
Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, и градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски, по повод 10 години од масакрот на Смилковското Езеро, кога животот го загубија млади луѓе, утрово положија свежо цвеќе и запалија свеќи пред споменикот поставен на местото на убиството.
„Вечна им слава на Филип Славковски, Александар Накевски, Цветанчо Ацевски, Кире Тричковски и Борче Стевковски, невини луѓе што ги загубија животите на Смилковското Езеро. На денешен ден пред 10 години се случи грозоморниот чин во кои настрадаа Филип, Александар, Цветанчо, Кире и Борче. Во нивна слава и чест заедно со градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски, положивме свежо цвеќе и запаливме свеќи на споменикот поставен на местото на убиството“, порача Стефковски.
На 12 април 2012 за време на Величетврток беше извршено убиство на петмина лица со огнено оружје кај езерото во атарот на селото Смилковци во близина на Скопје. Убиените се четири момчиња на возраст од 18 до 21 година од населбата Радишани: Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, како и Борче Стевковски, 45 години, од селото Црешево.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Истрага за недозволено држење оружје во Скопје, предложен притвор
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 47-годишен скопјанец за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи.
На 18 јануари полициски службеници извршиле претрес во дом и други простории на лицето, на улица “Македонско-косовска ударна бригада” во Скопје, при што пронашле една пушка марка “Црвена застава”, една ловна пушка, муниција – куршуми и патрони, како и делови и компоненти од огнено оружје.
Ценејќи дека лицето нема да може да биде обезбедено во текот на постапката со друга поблага мерка, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.
Македонија
Православните верници го слават Богојавление – Водици, над 220 граѓани ќе се обидат да го фатат крстот во Вардар
Православните верници денеска го слават празникот Богојавление, а централните манифестации, традиоционално ќе се одржат во Скопје и Охрид со осветување на водите на реката Вардар и Охридското езеро со положување на крстот во нив.
Празникот се одбележува од вториот век, а уште се нарекува и Водици поради големиот водосвет што го врши црквата на овој ден.
Според христијанското предание, на овој ден се одбележува крштевањето на Исус Христос од страна на Свети Јован Кристител во реката Јордан.
Скопската православна епархија при МПЦ-ОА ќе го организира традиционалното осветување на водите на реката Вардар и чинот на положување на Чесниот крст. Над 220 граѓани денес ќе се обидат да го фатат крстот што ќе биде положен во реката Вардар во Скопје. Според верувањата, оној кој ќе го фати крстот, ќе го следи среќа и благослов цела година. Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа, а се верува дека со положувањето на крстот, водите стануваат лековити.
Посебен режим на сообраќај
Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје денеска по повод празникот Водици ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во централното градско подрачје на Скопје, како и во општините Ѓорче Петров, Кисела Вода и Аеродром.
Така, во центарот на град Скопје за сообраќај ќе биде затворена улицата „Филип Втори Македонски“ на потег од крстосница со булеварот „Гоце Делчев“ до крстосница со улицата „11-ти Октомври“ во двете насоки.
Во општина Кисела Вода за сообраќај ќе бидат затворени улиците „14-ти Декември“ и дел од улицата „Христо Татарчев“ до салата „Расадник“.
Во општина Ѓорче Петров за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле“, булеварот „Партизански Одреди“ до улицата „Ѓорче Петров“, потоа улицата „Ѓорче Петров“ до улицата „Васил Чакаларов“, како и од црквата „Свети Пантелејмон“, улицата „Козле“, дел од улицата „Васил Чакаларов“ до Железничкиот мост на реката Вардар.
Македонија
Сончево време со температура до 12 степени
Времето утрово е студено, насекаде со негативни утрински температури. По одделни котлини ќе има појава на магла. Преку денот времето ќе биде сончево и претежно тивко со мала до умерена локална облачност. Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -1, а максималната ќе достигне од 2 до 12 степени.
Во Скопје претпладне студено со појава на магла, преку денот сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 3 степени, јавува УХМР.
Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време. Во понеделник по одделни котлини ќе има појава на магла, а локални врнежи од дожд, на планините од снег се очекуваат во вторник.