Македонија
100 учесници на „Визер – Скопски маратон“ дарувале коскена срцевина, најмладиот има 17 години
Универзитетската Клиника за хематологија од Скопје како носител на националната камања „Биди срцевина, биди херој“ изрази благодарност до сите учесници на вчерашниот „Визер – Скопски маратон“ за огромниот одѕив на потенцијални дарители на коскена срцевина.
Како што велат, на штандот на клиниката за помалку од два часа се пријавиле 100-ина доброволни дарители, кои од вчера стануваат дел од националниот дарителски регистар, а со тоа и дел од 30-милионското семејство на дарители на коскена срцевина обединето во светскиот регистар. Најмладиот од нив има само 17 години.
„Нѐ прави неизмерно среќни и задоволни фактот што грѓаните и учесниците на вчерашниот маратон покажаа исклучително висока свест за хуманост и солидарност. Одѕивот ги надмина нашите најоптимистични очекувања и покажа дека можноста да се биде од полза за да се спаси нечиј живот е препознаена и кај нас. Луѓето сакаат да бидат дел од оваа заедничка хумана мисија. Честитки до сите хумани граѓани“, велат од Клиниката за хематологија.
Стручниот медицински персонал на Клиниката за хематологија, Институтот за имунологија и хумана генетика при УКИМ Медицински факултет – Скопје, националниот координатор за трансплантација заедно со пријателите и поддржувачите на кампањата, зедоа активно учество во маратонот со цел да ја пренесат пораката на кампањата до сите присутни дека со запишување во регистарот се зголемува можноста да се спаси живот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

