Македонија
Состојбата со водостојот на езерата и реките се стабилизира
Состојбата со нивото на водостоите на реките и езерата во Македонија се стабилизира и засега нема опасност од излевања.Ова било констатирано на денешниот состанок на Координативното тело за превенција од природни непогоди.
Состојбата со нивото на водостоите на реките и езерата во Македонија се стабилизира и засега нема опасност од излевања.Ова било констатирано на денешниот состанок на Координативното тело за превенција од природни непогоди.Нивото на Охридското езеро денеска е исто како и вчера, односно не се бележи зголемување, а се планира испуштање на дополнителни количини вода преку Црн Дрим откако водотекот на оваа река е намален.Најавено е дека превентивно ќе се шират речните корита во пелагониско и полошко, со цел да се спречат излевања на реките во овие делови на земјата.Координативното тело најави дека е започната времена санација на пропаднатиот коловоз на патот Ресен-Битола и дека за неколку дена работите ќе завршат. Тешките товарни возила се пренасочуваат по стариот пат.Од Министерството за транспорт и врски упатија апел да не се врши проценка на состојбите со поплавите од страна на нестручни лица, бидејќи тоа само создава паника кај населението. /крај/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

