Македонија
Влада: Сеќавање на 66 години од Февруарскиот поход

Јавна благодарност и висок пиетет кон учесниците во Февруарскиот поход, членовите на нивните семејства, како и до сите учесници во Народноослободителната војна и членовите на нивните семејства, изрази денеска македонската влада
Јавна благодарност и висок пиетет кон учесниците во Февруарскиот поход, членовите на нивните семејства, како и до сите учесници во Народноослободителната војна и членовите на нивните семејства, изрази денеска македонската влада.
По повод 66 годишнината на Февруарскиот поход на партизанските единици во Народноослободителната војна, владата испрати порака со осуда за фашизмот и примената на сила и насилство за остварување на политички цели, како и остра осуда за антисемитизмот, непочитувањето на човечкиот живот и достоинство, убиствата, палењата, протерувањата, мачењата, концентрационите логори.
Во овој момент уште еднаш изразуваме огромна почит кон храбрите луѓе кои самопрегорно застанаа во одбрана на слободата насекаде низ светот, и кон борците од Народноослободителната војна кои застанаа на браникот на Татковината и со своето дело ги зацврстија темелите на нашата слободна, независна и самостојна држава Република Македонија, се наведува во соопштението на Владата./крај/со/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
СДСМ го осудува криминалниот чин и палењето на возилото на Галетановски: МВР веднаш да го расчисти случајот

СДСМ најостро го осудува криминалниот чин и палењето на возилото на претседателот на Градската организација, Ѓорѓи Галетановски.
„Со доаѓањето на ВМРO-ДПМНЕ на власт безбедноста на граѓаните е сериозно загрозена.
МВР наместо да се занимава со тоа како лица блиски до ВМРО-ДПМНЕ да земат милионски тендери нека земе конечно нешто да работи.
Бараме МВР и сите надлежни институции веднаш да постапат, целосно да го расчистат случајот и сторителите да одговараат“, велат од СДСМ.
Македонија
За една недела „пајакот“ кренал 132 возила во Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 01.09. до 07.09.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 132 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.
Македонија
СДСМ најави: Ќе продолжиме со објавување на „Вистината за АНБ“, што ја плаши власта па бега од декласификација?

„Што ја плаши власта толку многу па бега од декласификација на документите за случајот со АНБ“, прашува СДСМ.
„Дали е тоа поврзано со сомнителни, криминални активности на ВМРО-ДПМНЕ или влијание на туѓи држави? Зошто самиот премиер Христијан Мицкоски, кој тврди дека бил следен, не побара веднаш декласификација на целата документација од Агенцијата за национална безбедност?
СДСМ ќе продолжи со објавување на вистината и со поставување на вистинските прашања од кои бега власта“, велат од опозициската партија и најавуваат прес-конференција за 11 часот денеска.