Македонија
Доцни формирањето на Водостопанско Битолско поле
Институциите го задоцнија формирањето на Водостопанско Битолско Поле кое треба да ја преземе работата на Водостопанство Пелагонија.
Институциите го задоцнија формирањето на Водостопанско Битолско Поле кое треба да ја преземе работата на Водостопанство Пелагонија.
Повеќе од една година се најавува формирањето на новото водостопанско претпријатие кое чија основна дејност ќе биде чистење на каналите и одржување на основната каналска мрежа.
Ликвидацијата на Водостопанство Пелагонија започна пред четири години и е во завршна фаза, но ликвидаторот во јануари изјави дека постојат уште некои технички работи кои треба да се завршат, додавајќи дека новото водостопанство мора да профункционира напролет.
,,Ликвидацијата на Водостопанство Пелагонија е при крај“, изјави Љупчо Димовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, додавајќи дека новото водостопанско претпријатие ќе биде формирано наскоро.
Димовски пред три дена најави дека чистењето на коритото на реката Црна и вториот и деветтиот канал од секундарната каналска мрежа мора најитно да се изврши кога ќе дозволат временските услови.
Со формирањето на Водостопанство Битолско Поле целосно ќе згасне Водостопанство Пелагонија во ликвидација, а новото претпријатие ќе има нов директор и стручни кадри кои треба да реализираат континуирана планска работа во чистењето на каналите./крај/тера/цд/иа
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забрани за камиони на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан
Забрани за тешки товарни возила на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Сопиште и Илинден денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани два прекини и тоа:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците на дел од село Добри Дол. (општина Сопиште)
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците во село Кадино кон црквата Св.Илија, улица 6. (општина Илинден)
Македонија
Облачно со повремени локални врнежи од снег
Времето денеска ќе биде облачно со повремени локални врнежи од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови и се очекува висината на снежната покривка на планините и на некои од повисоките места да се зголеми до 25 cm. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до -2, а максималната ќе достигне од 0 до 6 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од снег со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 2 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно време со пораст на температурите. До сабота ќе се задржи претежно стабилно време, а по одделни котлини ќе има појава на магла. Од сабота кон крајот на денот повторно се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег.

