Македонија
МОН ќе додели 15 стипендии за постдипломски во странство
Министерството за образование ќе додели 15 стипендии за постдипломски студии на најдобрите универзитети во светот.
Министерството за образование ќе додели 15 стипендии за постдипломски студии на најдобрите универзитети во светот.
„Во текот на утрешниот ден ќе биде објавен конкурс за доделување на 15 стипендии. Со овие стипендии ќе се покријат трошоците за упис на овие универзитети и ќе се обезбеди месечна стипендија за студентите ве неколку области “ изјави денеска во Скопје Министерот за образование, Никола Тодоров.
Ќе бидат одобрени три стипендии за технички науки, четири стипендии за земјоделство, три за информатички науки, две за медицински науки и четири стипендии за филмската академија ФАМУ.
Додека министерот дели стипендии за странство, студентите кои студираат на нашите Универзитети не зеле ниту кредит ниту стипендија.
Министерот вели дека од страна на МОН, стипендиите се потпишани и одобрени.
Тој тврди дека се уште не донеле одлука за целосно укинување на студентските кредити и се надева дека во наредниов период ќе стигнат кредитите за стипендии.
Во врска со доцнењето на платите во образованието, Тодоров апелира до сите градоначалници на општините навремено да ги доставуваат барањата за исплата на платите до МОН, за да може министерството соодветно да ги пренесе до единиците на локалната самоуправа која потоа треба да ги префрли парите. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

