Македонија
Донација на апарати за дијагноза на цистична фиброза
Свеченост по повод донација на четири апарати за рана дијагноза на болеста – цистична фиброза ќе се одржи денеска на Клиника за детски болести во Скопје.
Свеченост по повод донација на четири апарати за рана дијагноза на болеста – цистична фиброза ќе се одржи денеска на Клиника за детски болести во Скопје.Донација на апарати за рана дијагноза на болеста цистична фиброза вредна над 15.000 евра, наменета е за релевантните болнички установи во Македонија Станува збор за четири Wescore апарати за потни тестови, кои многу прецизно, едноставно и безболно овозможуваат потврдување или отфрлање на дијагнозата на болеста. Со овие апарати се овозможува рана дијагноза на болеста, а со тоа ќе се подобри квалитетот на живот на овие болни, особено ако во процесот на лекување се имплементираат Европските стандарди за третман на цистична фиброза, презентирани на првата Балканска конференција за цистична фиброза, одржана во Скопје, минатата година. Рана дијагноза на болеста и соодветна медикаментозна терапија, може да спречи здравствени компликации во раната возраст на болните, а со тоа ќе се продолжи нивниот живот и ќе се намалат скапите трошоци за третман при влошена состојба на болните. Целта на оваа донација е апаратите да бидат распоредени во четири различни поголеми референтни центри на територијата на државата. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

