Македонија
Предадени четири апарати за рано откривање на Цистична фиброза
Четири нови апарати за рано откривање на болеста Цистична фиброза(ЦФ) денеска беа предадени во употреба на неколку медицински установи во земјава.
Четири нови апарати за рано откривање на болеста Цистична фиброза(ЦФ) денеска беа предадени во употреба на неколку медицински установи во земјава.
Клиниката за детски болести, Институтот за белодробни заболувања и медицинските центри во Битола и Тетово отсега ќе можат да ги користат новите апарати што ги обезбеди македонското здружение за ЦФ со подршка и финансиска помош од Светското здружение за ЦФ и министерство за здравство.
“Овие апарати ќе овозможат рана дијагноза на болеста со што ќе се подобри и квалитетот на живот на болните од оваа генетски наследна болест. Навремената дијагноза на болеста ќе овозможи и соодветната терапија ќе овозможи да се спречат здравствени компликации во раната возраст.“-рече претседателката на здружението Снежана Бојчин.
Досега во Македонија имаше само еден ваков апарат кој поради својата дотраеност често беше вон функција.
Цистичната фиброза е наследна, хронична и мултисистемска болест која зафаќа повеќе органи , а најголеми проблеми може да предизвика со белите дробови, панкреасот и црниот дроб.
Вкупната вредност на апаратите е 15 илјади евра./крај/вм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Снег со слаб интензитет провејува во Струмица, Крушево и Ѓавато кој не се задржува на коловозот
АМСМ информира дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење.
Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот. Во соработка со ЈП за државни патишта и Министерство за транспорт се вршат координирани активности со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, велат од АМСМ.
Покрај внимателно и совесно управување со возилата, се препорачува задолжително употреба на зимска опрема, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодена брзина согласно условите на патните правци.
Исто така се препорачува навремено информирање од страна на сите информативни центри за условите и сообраќајот на државните патишта.
Кооридинираните активности на надлежните институции продолжуваат и во текот на наредниот перидод, со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Снег со слаб интензитет провејува во Струмица, Крушево и Ѓавато кој во мометов не се задржува на коловозот. Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.
На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
(Видео) Ѓорѓиевски: Додека градот спие, ние сме будни, грижата за граѓаните не познава пауза
Заедно со дежурната зимска служба на Град Скопје, во текот на целата ноќ сме на терен, на улиците и булеварите под надлежност на градот, каде навремено посипуваме сол поради ниските температури, со посебен фокус на критичните точки, напиша на социјалните мрежи, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
„Додека градот спие, ние сме будни, бидејќи грижата за граѓаните не познава пауза, ниту пак временски услови“, додаде тој.
Македонија
Без струја денеска дел од Бутел
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска е планиран прекин и тоа:
– во периодот од 09:00 до 10:30 часот, дел од потрошувачите на улицата Гемиџиска (првите куќи на почетокот од улицата) и деловните објекти на почетокот од ул.Ферид Бајрами каде се наоѓа предметниот објект. (општина Бутел)

