Македонија
Повратни средства за трактори и друга механизација
Агенцијата за поттикнување на развој на земјоделството во Велес почна со реализацијата на програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2010 година.
Агенцијата за поттикнување на развој на земјоделството во Велес почна со реализацијата на програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2010 година. Станува збор програма со која земјоделците ќе добијат повратни средства од 50 до 60 проценти од сумата што ќе ја платат за набавка на приклучната механизација. Земјоделците можат да аплицираат за подобрување на конкурентноста и модернизација на земјоделското стопанство. Со оваа мерка можат да набават трактори и друга механизација. Можат да инвестираат за доработка, преработка, складирање, пакување и маркетинг на земјоделските производи. Исто така можат да добијат финансиска поддршка за промотивни активности за развој на руралниот туризам. Апликациите земјоделците можат да ги достават во Агенцијата до 12-ти април. Тие се бесплатни. /крај/лисица/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

