Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Градоначалниците од СДСМ се грижат само за својот комодитет
Владејачката ВМРО ДПМНЕ денеска обвини дека СДСМ неосновано ги критикува инвестициите, вложувањата и проектите на Владата предводена од Никола Груевски.
Владејачката ВМРО ДПМНЕ денеска обвини дека СДСМ неосновано ги критикува инвестициите, вложувањата и проектите на Владата предводена од Никола Груевски.
“СДСМ од една страна посакува да ги девалвира проектите и инвестициите во здравството, годинешните сто милиони евра субвенции за македонските земјоделци, вложувањата во образованието на младите, проектите што се од национален интерес и од интерес на сите граѓани, а од друга страна, градоначалниците од редовите на СДСМ трошат многу пари за зафати и проекти кои ќе им користат само нив или само на одреден број на граѓани-
Во оваа насока од ВМРО ДПМНЕ потсетија на случајот со градочалникот на Струмица и заминик претседател на СДСМ, Зоран Заев кој ќе вложи 4 милиони евра за вградување на бехатон плочки во центарот на градот.
Од партијата на Никола Груевски ги прозваа и градоначаниците на Карпош, Куманово и Охрид за недомаќинско трошење пари.
Според ВМРО ДПМНЕ, на овој начин кадрите од СДСМ ги трошат парите за изградба на проекти за подобрување на својот личен комодитет, а од друга страна ги критикуваат проектите од национален интерес./крај/со
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Снег со слаб интензитет провејува во Струмица, Крушево и Ѓавато кој не се задржува на коловозот
АМСМ информира дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење.
Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот. Во соработка со ЈП за државни патишта и Министерство за транспорт се вршат координирани активности со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, велат од АМСМ.
Покрај внимателно и совесно управување со возилата, се препорачува задолжително употреба на зимска опрема, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодена брзина согласно условите на патните правци.
Исто така се препорачува навремено информирање од страна на сите информативни центри за условите и сообраќајот на државните патишта.
Кооридинираните активности на надлежните институции продолжуваат и во текот на наредниот перидод, со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Снег со слаб интензитет провејува во Струмица, Крушево и Ѓавато кој во мометов не се задржува на коловозот. Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.
На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
(Видео) Ѓорѓиевски: Додека градот спие, ние сме будни, грижата за граѓаните не познава пауза
Заедно со дежурната зимска служба на Град Скопје, во текот на целата ноќ сме на терен, на улиците и булеварите под надлежност на градот, каде навремено посипуваме сол поради ниските температури, со посебен фокус на критичните точки, напиша на социјалните мрежи, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
„Додека градот спие, ние сме будни, бидејќи грижата за граѓаните не познава пауза, ниту пак временски услови“, додаде тој.
Македонија
Без струја денеска дел од Бутел
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска е планиран прекин и тоа:
– во периодот од 09:00 до 10:30 часот, дел од потрошувачите на улицата Гемиџиска (првите куќи на почетокот од улицата) и деловните објекти на почетокот од ул.Ферид Бајрами каде се наоѓа предметниот објект. (општина Бутел)

