Македонија
Антонио Ристевски не ја заврши трката во Ванкувер
Македонскиот претставник во скијање, Антонио Ристевски не ја заврши трката во првата етапа во машкиот слалом.
Македонскиот претставник во скијање, Антонио Ристевски не ја заврши трката во првата етапа во машкиот слалом.
Покрај Ристевски кој стартуваше како 73-ти, фаворитот Боде Милер исто така не ја заврши трката.
Од првата слаломска трка вкупно 48 скијачи не стигнаа до целта во Ванкувер.
Џулијано Разоли од Италија беше најбрз во првата трка со време од 49.79 пред Митја Валенчиќ од Словенија и Бенџамин Рајх од Австрија кој се пласираше на третото место. Хрватот Ивица Костелиќ беше четврти.
Во финалната слаломска трка Џулијано Разоли освои златен медал со вкупно време од 1.39.32, среброто му припадна на Ивица Костелиќ за кого ова е втор сребрен медал, додека Андре Мухрер од Шведска го освои бронзениот медал.
Бенџамин Рајх во финалната конкуренција се пласираше на четвртото место во машкиот слалом. /крај/ванк/сл
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Снег со слаб интензитет провејува во Струмица, Крушево и Ѓавато кој не се задржува на коловозот
АМСМ информира дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење.
Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот. Во соработка со ЈП за државни патишта и Министерство за транспорт се вршат координирани активности со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, велат од АМСМ.
Покрај внимателно и совесно управување со возилата, се препорачува задолжително употреба на зимска опрема, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодена брзина согласно условите на патните правци.
Исто така се препорачува навремено информирање од страна на сите информативни центри за условите и сообраќајот на државните патишта.
Кооридинираните активности на надлежните институции продолжуваат и во текот на наредниот перидод, со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Снег со слаб интензитет провејува во Струмица, Крушево и Ѓавато кој во мометов не се задржува на коловозот. Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.
На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
(Видео) Ѓорѓиевски: Додека градот спие, ние сме будни, грижата за граѓаните не познава пауза
Заедно со дежурната зимска служба на Град Скопје, во текот на целата ноќ сме на терен, на улиците и булеварите под надлежност на градот, каде навремено посипуваме сол поради ниските температури, со посебен фокус на критичните точки, напиша на социјалните мрежи, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
„Додека градот спие, ние сме будни, бидејќи грижата за граѓаните не познава пауза, ниту пак временски услови“, додаде тој.
Македонија
Без струја денеска дел од Бутел
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска е планиран прекин и тоа:
– во периодот од 09:00 до 10:30 часот, дел од потрошувачите на улицата Гемиџиска (првите куќи на почетокот од улицата) и деловните објекти на почетокот од ул.Ферид Бајрами каде се наоѓа предметниот објект. (општина Бутел)

