Македонија
Зградата до поранешна „Југобанка“ наскоро ќе се реновира
Министерот за финансии Зоран Ставрески денеска ги посети станарите од зградата до поранешна „Југобанка“, на кои им вети дека ќе го санира оштетувањето од паѓањето на долната конструкција и дека ќе изнајде начин за долгорочно решавање на проблемот.
Министерот за финансии Зоран Ставрески денеска ги посети станарите од зградата до поранешна „Југобанка“, на кои им вети дека ќе го санира оштетувањето од паѓањето на долната конструкција и дека ќе изнајде начин за долгорочно решавање на проблемот.
„Значи на краток рок она што може да им го ветам на станарите на зградата е дека Владата ќе ги обештети за штетата што е настаната на покривот на зградата“, рече Ставрески.
Тој додаде дека ќе им биде обезбедено обештетување за финансиската штета и дека ќе им се исплати она за што тие самите платиле да се поправи.
„На долг рок можам да кажам дека ќе преземеме мерки и за санирање на кровот да не се повтори истата работа и воедно можам да кажам дека Министерството за финансии конечно ќе ја обнови оваа зграда, односно ќе ја доизгради“, истакна Ставрески.
Тој рече дека тендерот за изградба на зградата и проектирање е веќе објавен.
„На почетокот на април ќе биде завршен тендерот. Септември или октомври ќе почнеме со изградба на зградата и еднаш засекогаш да го решиме и прашањето на безбедноста, но и прашањето на довршувањето на оваа зграда“, вели Ставрески.
Штетата е околу четири илјади евра, меѓутоа се уште не е официјално потврдена сумата со документи од градежната фирма, кои треба биде доставени до министерството за финансии./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.
Македонија
Сончево и релативно топло, максималната температура до 20 степени
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Времето во наредните денови
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Во четврток се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, особено во попладневните часови и во текот на ноќта.

