Македонија
Стечајците утре на протест
Стечајците утре излегуваат на протест пред Владата на Македонија за да го изразат незадоволството за односот на Владата и Премиерот кон нивното прашање.
Стечајците утре излегуваат на протест пред Владата на Македонија за да го изразат незадоволството за односот на Владата и Премиерот кон нивното прашање.„Се извинувам на граѓаните на Скопје за метежот кој ќе се случи утре, но се надевам дека ќе разберат во каква ситуација сме доведени. Истовремено ги повикувам Скопјани, да ни се придружат на протестот,“ изјави Љиљана Георгиевска, кој најави дека стечајците во 11 часот ќе се групираат кај Автокоманда и ќе појдат пешки до Владата. Според неа на протестот се очекуваат да дојдат најмалку 1500 стечајни работници.Основно барање на утрешниот протест на стечајците е средба со Премиерот Никола Груевски или со Министерот Зоран Ставревски, и одговор од нивна страна зашто една година не е ниту започната постапката за решавање на проблемот. „Секаде на Запад, без разлика дали е фирмата државна или приватна кога таа оди во стечај, работниците ги имаат истите права и обврски да примаат надоместок од државата за цело време додека не бидат повторно вработени или евентуално додека не станат пензионери,“ изјави Драган Јовановски, од Сојузот на синдикатите на Македонија.„Очекуваме од Груевски конечно со нас да седне и да го решиме проблемот. Доколку ова не се случи, ние ќе објавиме граѓанска непослушност, и сите сметки кои ќе дојдат на наше име ќе ги препраќаме во Владата на Република Македонија, бидејќи ние немаме од каде да ги платиме,“ рече Георгиевска. „Ние сме уште живи и нема да попуштиме со притисоците додека не се исполнат нашите барања,“ додаде таа.Стечајците веќе неколку месеци штрајкуваат со глад за решавање на нивниот статус. Тие бараат лицата кои имаат над 15 години работен стаж и старост над 53 години за мажи и 50 за жени да добијат по 100 евра месечно, односно како што рекоа да дојдат до „пари за леб“./крај/ко.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Врнежи од слаб снег на неколку патни правци, патот кон село Герман е блокиран од паднато дрво
Од синоќа е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар. Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино, извести АМСМ.
Патот кон село Герман е блокиран кај село Станча, од паднато дрво и не е прооден.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од слаб снег има во Крива Паланка – г.п Деве Баир, г.п Делчево, Страцин, и на Пониква, но во моментов не претставуваат пречка за одвивање на сообракајот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.
Македонија
(Фото) Ѓорѓиевски: По две децении, Драчево повторно доби свое кино
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи извести дека по две децении, Драчево повторно доби свое кино.
„Особено ми е драго што иницијативата што ја започнавме пред завршувањето на мојот мандат како градоначалник на Кисела Вода, денес прерасна во реалност. Овој проект беше визија за враќање на културниот живот таму каде што му е местото, меѓу мојот народ. Од денес, таа визија живее“, вели градоначалникот.
„Киното ќе функционира во рамки на Домот на културата во Драчево, простор кој повторно ќе стане собиралиште на уметноста, емоцијата и заедничките доживувања.
Покрај Кисела Вода, сега и драчевчани ќе бидат дел од КИНОВЕРЗУМ и ќе имаат можност да уживаат во најновите филмски достигнувања и најголемите светски хитови, блиску до својот дом.
Филмското искуство повеќе нема да значи патување километри далеку, туку тука – дома. Културата повторно пулсира во Драчево“, додаде Ѓорѓиевски.
Македонија
Делови од Центар, Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од улицата Христо Смирненски од бр. 19 до крајот на улицата кон булеварот Партизански Одреди, општина Центар;
· од 08:30 до 14:00 часот, Индустриските објекти на булеварот Босна и Херцеговина, (Фурна – Диме, поранешни магацини – Центро и поранешна фабрика ИГМ), општина Бутел;
· од 08:40 до 09:40 часот, корисниците од дел од улицата Козле, општина Карпош.

