Македонија
ЕК засега без коментар за масовните барања азил во Белгија
Европската комисија за сега нема коментар за се побројните доаѓања на државјани на Македонија и на Србија, главно етнички Албанци во Белгија, каде бараат азил
Европската комисија за сега нема коментар за се побројните доаѓања на државјани на Македонија и на Србија, главно етнички Албанци во Белгија, каде бараат азил.
„Знаеме за загриженоста на белгиските власти. Ја следиме состојбата, но засега немаме коментар, ниту пак подготвуваме нешто. Се уште е прерано. Прво сакаме да дознаеме што се случува“, изјави денеска на конференција за новинари Микеле Керконе, портпарол на еврокомесарката за внатрешни работи Сесилија Малстром.
Белгискиот премиер Ив Летерм минатата недела упати писмо до Малстром, барајќи да се преземат мерки, со кои би се ограничиле штетните последици на визната либерализација.
Мрежата за прифаќање на барателите на азил во Белгија веќе е преоптоварена, наведе Летерм во писмото, изразувајќи сомневање дека зад неочекуваниот масовен прилив стојат организирани мрежи.
Белгискиот премиер Ив Летерм на осми март ќе ја посети Македонија, каде ќе разговара за проблемот со барателите на азил.
Тоа се пред се Албанци од Македонија и од Прешевската долина на југот на Србија, кои поради гласините за великодушноста на белгискиот социјален систем заминуваат и бараат азил.
Според некои извори со сличен проблем се соочуваат и Шведска и Франција.
Европската унија ги укина визите на граѓаните на Србија, Македонија и Црна Гора на 19 декември минатата година./крај/хи/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

