Контакт

Македонија

Стечајците на протест пред Владата

Објавено пред

Стечајците денеска излегуваат на протест пред Владата на Македонија за да го изразат незадоволството за односот на Владата и Премиерот кон нивното прашање.

dobivaj vesti na viber

Стечајците денеска излегуваат на протест пред Владата на Македонија за да го изразат незадоволството за односот на Владата и Премиерот кон нивното прашање.Стечајците најавија дека во 11 часот ќе се групираат кај Автокоманда и ќе појдат пешки до Владата, а се очекува во протестот да учествуваат најмалку 1500 стечајни работници. Тие, како што најавија ќе бараат средба со Премиерот Никола Груевски или со Министерот Зоран Ставревски, и одговор од нивна страна зашто една година не е ниту започната постапката за решавање на проблемот. „Очекуваме од Груевски конечно со нас да седне и да го решиме проблемот. Доколку ова не се случи, ние ќе објавиме граѓанска непослушност, и сите сметки кои ќе дојдат на наше име ќе ги препраќаме во Владата на Република Македонија, бидејќи ние немаме од каде да ги платиме,“ рече претставничката на стечајците Љиљана Георгиевска.Стечајците веќе неколку месеци штрајкуваат со глад за решавање на нивниот статус. Тие бараат лицата кои имаат над 15 години работен стаж и старост над 53 години за мажи и 50 за жени да добијат по 100 евра месечно, односно како што рекоа да дојдат до „пари за леб“./крај/ко.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Ноќеска Итната помош 13 пати интервенирала во Трубарево, едно лице е пренесено на Токсикологија

Објавено пред

Во текот на изминатата ноќ заклучно со попладнево во реонот на Трубарево се извршени 13 интервенции од Итната медицинска помош, при што едно лице е транспортирано во болница и извршен е транспорт на неподвижно лице до друго населено место, извести денес министерот за здравство Азир Алиу.

dobivaj vesti na viber

„Од извршените интервенции на Итната медицинска помош, само едно лице е транспортирано во јавна здравствена установа, на Клиниката за токсикологија. Воедно, кризниот штаб кој веднаш како Министерство го формиравме, континуирано заседава и во следниот период ќе се преземаат соодветни мерки согласно околностите“ вели министерот Алиу.

Директорот на Клиника за токсикологија, Арѓенд Имери, извести дека пациентката која во текот на ноќта е примена на Клиниката за токсикологија е во добра состојба.

Пациентката имала и други пропратни симптоми и од тие причини е задржана на лекување, но сега е во добра состојба.

Директорот Имери кажа дека денес амбулантски биле прегледани и пуштени дома уште тројца пациенти.

Прикажи повеќе...

Македонија

Со дрон најдени и спасени тројца мотоциклисти, кои се изгубиле на планината Осогово

Објавено пред

Вчеравечер, во полицијата во Штип, Регионалниот центар за гранични работи Исток пријавил дека тројца мотоциклисти, македонски државјани, пријавиле дека се изгубени на планината Осогово, над селото Саса, општина Македонска Каменица, во близина на државната граница со Република Бугарија. Мотоциклистите побарале помош преку бројот 112.

dobivaj vesti na viber

„Остварен е контакт со лицата и лоцирани се во шумскиот предел на непристапен терен на оддалеченост од 1.000 метри, над манастирот ‘Св. архангел Михаил’ во селото Саса. Со помош на дрон од Регионалниот центар за гранични работи Исток лицата се пронајдени во добра здравствена состојба и донесени се во Македонска Каменица, каде што е утврдено дека се работи за Г. Д. (38) од Скопје, К. Н. (38) од Гевгелија и Д. П. (31) од Скопје“, соопшти МВР.

Мотоциклистите не побарале лекарска помош, туку, по спасувањето, си заминале со мотоциклите.

Прикажи повеќе...

Македонија

На диво изградил 22 бетонски столба во Гостивар, а градежниот инспектор не го сопрел, двајцата добија кривични пријави

Објавено пред

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против С. С. (35) од с. Речане, Гостиварско, под сомнение за сторено кривично дело бесправно градење, и против В. Р. (42) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело несовесно работење во службата.

dobivaj vesti na viber

„Во март 2025 во гостиварска населба, првопријавениот, во својство на сопственик на објект во изградба, изградил 22 бетонски столба, без да поседува соодветна дозвола издадена од надлежен орган. А второпријавениот, овластен градежен инспектор при Општина Гостивар, по доставена пријава од МВР поради сомнение за сторено кривично дело, не излегол на терен и не извршил увид на градбата“, соопшти МВР.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава и против А. Е. (44) од Гостивар за бесправно градење оти во текот на февруари 2025 година во населба во Гостивар, на парцела сопственост на друго лице, изградил приземје и кат без одобрение за градење издадено од надлежен орган.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 минути

Ноќеска Итната помош 13 пати интервенирала во Трубарево, едно лице е пренесено на Токсикологија

Во текот на изминатата ноќ заклучно со попладнево во реонот на Трубарево се извршени 13 интервенции од Итната медицинска помош,...

Топ39 минути

Повреден 18-годишник, велосипедист во Чаир испукал кон него неколку куршуми и избегал

Ноќеска ургентниот центар на комплексот клиники „Мајка Тереза“ во полиција пријавил дека кај нив е донесен 18-годишник повреден од огнено...

Македонија2 часа

(Видео) Ангелов: Пожарот во Трубарево е целосно изгаснат, состојбата во „Дрисла“ е драстично подобрена

Пожарот во Трубарево е целосно изгаснат, целата опожарена површина е затрупана со песок и земја. Утрово покажуваше на неколку места...

Македонија3 часа

(Видео) Хибридниот напад од странски центри е смешно алиби за неспособност на Мицкоски, вели Филипче

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска силно ги нападна изјавите на премиерот Мицкоски дека државата била цел на хибриден...

Македонија3 часа

За да нема чадење од „Вардариште“, треба да се најде пристоен дом за над 200 луѓе што живеат среде депонијата, а некои од нив потпалуваат, вели Тошковски

Во решавање на проблемот со депонијата „Вардариште“ треба да се вклучат сите институции, да им се најде соодветен дом на...

Македонија3 часа

(Видео) „Дуото Апасиев – Мециновиќ си пикнало во џебот милиони од партијата Левица, а на поддржувачите им велат донирајте ни пари“, вели Манасиевски

„Дуото Апасиев-Мециновиќ си пикнало во џеб милиони од Левица, а на поддржувачите им велат донирајте ни пари. Глумците Апасиев и...

Македонија4 часа

(Фото) Презентирано визуелното решение за новата Универзална сала

Денеска, пред македонската јавност беше презентирано визуелното решение за новата Универзална сала – модерен и функционален објект, кој ќе го...

Македонија4 часа

(Видео) Граѓаните го блокираа мостот „Близнаци“: секој ден без акција значи уште еден ден вдишување отрови

Граѓаните, утрово, од 7.30 часот, еден час ја блокираа крстосницата кај мостот „Близнаци“ помеѓу општините Аеродром и Гази Баба. „Овој...

Македонија5 часа

(Видео) Запленети 204 банкноти и монети за колекционерски цели

Запленети се 204 банкноти и монети за колекционерски цели, чија вредност е проценета на 700 илјади денари. Случајот е откриен...

Македонија5 часа

„Скопје се труе, Изет се крие: од потпретседател на Али Ахмети, заврши како портпарол на Мицкоски“, велат од ДУИ

„Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост за еколошката катастрофа што го погоди главниот град по избувнувањето на пожарот во...

Македонија7 часа

„Доста беа приказни, за еколошката катастрофа во Скопје мора да има политичка и кривична одговорност“, велат од СДСМ

„Македонија има неспособна власт која раскажува приказни додека горат депонии и фабрики, а граѓаните ја плаќаат цената со сопственото здравје....

Топ9 часа

Двајца претепале човек во Паркот на жената борец: починал во болница, Обвинителството бара притвор

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано...

Македонија19 часа

Побаран притвор за четири лица во врска со пожарот во Трубарево

Скопското Обвинителство поведе постапка против четири лица поради сомнение за загрозување на животната средина и природата со отпад, во врска...

Македонија20 часа

Се користи специјална пена врз песокта за да се доизгасне чадењето во Трубарево

Од опожарениот простор во Трубарево моментално има слабо чадење само од неколку места кои веќе се затрупани, информира директорот на...

Македонија24 часа

Онлајн настава една недела во четири училишта во Гази Баба поради пожарот во Трубарево

Министерството за образование и наука информира дека наставата во основните училишта „Крум Тошев“, „Његош“, „Вера Јоциќ“ и „Наум Наумовски Борче“...

Македонија24 часа

(Видео) Командантот на пожарникарите раскажа како се гаснел пожарот во Трубарево – на помош добиле хемиска пена, па стигнал и песокот

Скопските пожарникари во изминатите два дена интервенирале со целокупниот капацитет при големиот пожар во магацините за пластичен и електронски отпад...

Македонија1 ден

„Ова ќе продолжи“ – Според Мицкоски зад пожарите стојат центри на моќ од земјата и од надвор

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека пожарите кои во изминатиот период избувнуваат низ државата, меѓу кои и вчерашниот во магацинот...

Македонија1 ден

На Клиника задржана жителка на Трубарево, лекарска помош побарале и директорот на ЦУК, војник и полицаец

Во моментот на Клиниката за токсикологија е хоспитализирана една жителка на Трубарево, која живее во непосредна близина на магацинот за...

Македонија1 ден

Анализа на вода, ограничување на ученици и мерење на загадувањето – Министерството за животна средина по пожарот во Трубарево

Министерството за животна средина и просторно планирање, во соработка со Институтот за јавно здравје, Кризниот штаб на Владата и Државниот...

Македонија1 ден

Денес ќе бидат објавени резултатите од мерењата на воздухот, кажа Меџити прашан кога ќе се знае што дише населението

Министерот за животна средина и вицепремиер, Изет Меџити, на прес-конференција во Владата информира дека за следење на состојбата со воздухот...