Македонија
Филипини: Луѓето кои очекуваат политички азил се жртви на погрешна приказна

„Луѓето кои се погрешно информирани и веруваат дека ќе добијат политички или било каков друг азил доколку доаѓаат од земја кандидат за Унијата се жртви на погрешна приказна и имаат погрешно очекување.“
„Луѓето кои се погрешно информирани и веруваат дека ќе добијат политички или било каков друг азил доколку доаѓаат од земја кандидат за Унијата се жртви на погрешна приказна и имаат погрешно очекување.“
Ова денеска го истакна на јавната дебата за политичкиот дијалог и политичката култура во Република Македонија, амбасадорот на Кралството Холандија во Република Македонија Симоне Филипини, во врска со азилантите од Македонија што навалија изминатите денови во Белгија.
„Не очекувам зголемениот број на азиланти од Македонија во Белгија да предизвика последици за визната либерализација за македонските граѓани“, укажа Филипини.
Холандскиот дипломат изјави дека не очекува рестрикции за патувањето на македонските граѓани во шенген зоната.
Според неа многу поголемо внимание ќе им се обрне на границите за да се заштитат луѓето.
„Доколку има случаи на автобуси преполни со багаж што се обидуваат да ги поминат шенгенските граници можам да замислам дека некои мерки ќе бидат преземени и патниците ќе бидат прашувани каде и зошто одат“, рече Филипини.
Таа им порача на сиромашните граѓани да не им веруваат на оние што сакаат да заработат на нив ветувајќи им азил.
Таа рече дека е запозната со тоа дека македонската влада ги предупредила граѓаните, но и порача да спроведе сериозна кампања во реоните од каде што потекнуваат најголемиот број азиланти./
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ

„ВМРО-ДПМНЕ во целосна безидејност продолжува да лаже иако претседателот на СДСМ, Венко Филипче јасно кажа дека не поседува никакви инвестиции ниту имот во Обединетите Арапски Емирати“, велат од СДСМ.
„Филипче поседува виза која не е добиена на основ на никакви инвестиции или сопственост на имот.
ВМРО-ДПМНЕ наместо да лаже во континуитет и да се обидува да дефокусира, треба да почне да реализира нешто за граѓаните кои од оваа власт осврн неспособност, лаги и напади на опозицијата ништо друго не виде веќе цела година“, соопшти СДСМ.
Македонија
Крушево домаќин на првото државно првенство во планински велосипедизам

Оваа сабота (17 мај) со почеток во 10 часот стартува премиерното издание на маратонот во планински велосипедизам ,,Krushevo MTB Challenge” во организација на Велосипедскиот клуб Енерџи и Велосипедската федерација на Македонија.
Во рамките на овој настан, ќе се реализира и Државното првенство во планински велосипедизам Маратон како дел од официјалниот календар на ВФМ и според пропозициите и критериумите на Светската велосипедска федерација УЦИ.
Натпреварувачите ќе имаат можност да одберат помеѓу мал маратон од 25км и голем маратон од 75км со вкупно искачување од 650 односно 2000 метри.
Признанија и награди ќе бидат доделени за сите возрасни категории и тоа: 18-29, 30-39, 40-49,50-59,60+.
Пријавувањето е отворено до 15 мај.
Македонија
Општина Центар објави повик за субвенции за санација на покриви и лифтови

Општина Центар-Скопје објавува Јавен повик за финансиска поддршка за поправка и санација на постојни кровни конструкции и лифтови во колективни станбени згради на нејзина територија, согласно Програмата за комунални дејности за 2025 година.
„Ги повикувам сите станбени заедници во Општина Центар кои имаат потреба од санација на покриви или поправка на лифтови да аплицираат и да ги искористат средствата што ги нудиме. Ова е можност да се подобрат условите за живеење, безбедноста и енергетската ефикасност во вашите згради,“ изјави градоначалникот Горан Герасимовски.
Финансиската поддршка изнесува 30% од вредноста на проектот, но не повеќе од 150.000 денари за кровови и 300.000 денари за лифтови, додека 70% од трошоците ги обезбедуваат сопствениците. Повикот се спроведува по принципот „прв дојден, прв услужен“.
Право на учество имаат заедници на сопственици или управители од Општина Центар чиишто станбени згради се постари од 15 години, со најмалку 70% населени станови. Потребна е одлука со потписи од 50% + 1 сопственик, како и комплетна документација според условите наведени во повикот (договори, понуди, фотографии, технички извештај и др.).
Пријавите се поднесуваат во затворен плик, во Архивата на Општина Центар (барака 6) или по пошта, на адреса: ул. „Михаил Цоков“ бр. 1, Скопје, во периодот од 10 мај до 30 јуни 2025 година, секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот.
Заинтересираните жители може да се информираат на веб-страницата www.centar.gov.mk.