Македонија
Јавна расправа за предлог-законот за здруженија и фондации
Јавна расправа за „Правото на слободно здружување во Предлог – законот за здруженија и фондации“ треба да се одржи денеска во Скопје.
Јавна расправа за „Правото на слободно здружување во Предлог – законот за здруженија и фондации“ треба да се одржи денеска во Скопје.Содржината на Предлог-законот за здруженија и фондации, како што е најавено, ќе ја презентира Загорка Тноковска од Министерството за правда.Организатор на расправата чија цел е граѓанските организации да се запознаат со решенијата предвидени во Предлог-законот за здруженија и фондации, кој е веќе ставен на дневен-ред на пленарната седница на Собранието на Република Македонија, е Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ)./крај/со/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Дел од Карпош денеска без вода
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, информира дека денеска поради отстранување дефект во шахта (промена на вентил од ф3/4“ – цол ) на улицата Ванчо Мицков бр. 18, општина Карпош, прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на интервенцијата.
Македонија
Даути поднесе оставка по интерпелацијата
Претседателката на Комисијата за социјална политика, демографија и млади, Илире Даути, на која ѝ беше изгласана недоверба, денеска поднесе оставка од функцијата во собраниската комисија.
Даути инсистираше да ја образложи оставката, но откако ѝ беше укажано дека тоа не е дозволено со Деловникот, таа одбиваше да ја напушти говорницата, па претседателот на Собранието, Африм Гаши даде пауза. По продолжението на седницата Даути ја образложи својата оставка.
Од Европскиот фронт посочија дека ќе ја почитуваат одлуката на Илире Даути и го осудија потегот на Гаши.
Од „Влен“ попладнево велат дека оставката е признавање на слабост и показател за неодговорност.
„Илире Даути, позната во својот клуб како челичната дама, денеска стана ‘рѓосана заедно со целиот Европски Фронт, прифаќајќи ја нејзината оставка и жалејќи што помогнала да се блокира Законот за бранителите. Иако главниот товар за оваа блокада го понесе претседателот на Собранието, Африм Гаши, кој доби кривична пријава од Левица за покажаната решителност во блокирањето на овој преполовен закон предложен од опозицискиот партнер на ДУИ, СДСМ. Решиле да ги остават ВЛЕН и Африм Гаши сами во оваа битка. Но, ова воопшто не ја расипува работата, бидејќи, како што ја започнавме оваа битка одделно, така и ќе ја продолжиме на сличен начин“, велат од „Влен“.
Од тука потсетија дека како пратеничка група гласаа против интерпелацијата на Илире Даути, а таа самата ce разрешила за да биде виктимизирана, затоа што тоа е единствената улога што знае најдобро да ја одигра.
„Виктимизацијата не може да ги спаси од каењето по обидот да помогнат во блокирањето на Законот за Бранителите. Таа врескаше во Собранието со зборовите: ‘гонете се’, додека не замина сама. Илире, кога не си способна и немаш потенцијал да ја водиш Комисијата, најдобро е по твојата оставка од Комисијата да следи и оставка од Собранието“, додаде „Влен“.
Македонија
За повеќе oд три пати зголемен бројот на заболени од грип за една недела
За повеќе од три пати е забележано зголемување кај бројот на заболени од грип во споредба првата недела од јануари, според податоците на Институтот за јавно здравје.
Во периодот од Бадник до почетокот на оваа седмица биле пријавени 1.053 случаи на заболени од грип или на заболувања слични на грипот.
Во однос на возраста, 633 лица се на возраст од 15-64 години, 179 кај деца на возраст од 5-14 години, 144 кај деца на возраст од 0-4 години и 97 се регистрирани кај лица на
возраст над 65 години.
Најголем е бројот на заболени во Скопје (305), а потоа во Дебар со 134, Куманово со 118, Тетово и Гостивар по 66, Кавадарци со 62.
Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување. Институтот за јавно здравје препорачува вакцинација на целото население, особено на лица кои припаѓаат на т.н. ризични групи: постарите лица (над 65 години); деца на возраст од 6-59 месеци; лица постари од 6 месеци со хронични болести; бремени жени, и здравствени работници.
Заклучно со втората недела од оваа година, вакцинирани се вкупно 72.318 лица со бесплатна или комерцијална вакцина.