Македонија
Нови проекти од областа на железниците
Реализирање на повеќе проекти од областа на железниците, кои ќе бидат директно насочени кон подобрување на состојбата во овој сегмент, најави денеска Министерството за транспорт и врски за оваа година.
Реализирање на повеќе проекти од областа на железниците, кои ќе бидат директно насочени кон подобрување на состојбата во овој сегмент, најави денеска Министерството за транспорт и врски за оваа година.
Со овие проекти се најавува обезбедување на подобра и поефикасна услуга за учесниците во железничкиот сообраќај во Република Македонија.
Покрај проектите за изградба на железничката траса на Коридор 8 и реконструкцијата и модернизацијата на Коридорот 10, од Министерството соопштија дека активно се работи на проектот за воспоставување на железничка линија на Коридор 10, и тоа на потегот од Битола до Лерин, Грција.
За реализација на овој проект од страна на ЈП „Македонски Железници“ е изработен идеен проект, а следен чекор е избор на консултант кој ќе ги изработи потребните студии.
Од Министерството најавија дека очекуваат во текот на јуни 2010 година да биде распишан јавен повик за подготовка на потребната документацијата, а во текот на 2014 година, да се заврши железничкото поврзување на делницата Битола – Кременица – Лерин.
За реализација на овој проект, со цел заокружување на финансиската конструкција и побрзо и поефикасно одвивање на активностите, Министерството за транспорт и врски поднесе апликација до претпристапните фондови на Европската Унија (ИПА).
Меѓународната железничка линија Битола – Лерин функционираше како редовна се до 1986-та година. Со реализација на овој проект, се очекува таа да биде рехабилитирана и ставена во употреба./крај/иа
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

