Македонија
Промотивно ДВД за поголема техничка исправност на возилата
Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата(РСБСП) денеска промовираше ДВД издание за поголема техничка исправност на моторните возила.
Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата(РСБСП) денеска промовираше ДВД издание за поголема техничка исправност на моторните возила. ДВД изданието под наслов „Со технички исправни возила до поголема безбедност во сообраќајот“, ќе биде доставено до Станиците за технички преглед, од каде ќе им биде поделено и на возачите. „Кампањата има за цел подигање на јавната свет за важноста од редовен технички преглед и потребата преку исправни возила да се постигне поголема лична безбедност“, изјави на денешната прес конференција Тоше Јанев, портпарол на РСБСП. Од РСБСП информираа и за одлуката на Обединетите нации(ОН) од 2. март 2010. година, периодот од 2011 до 2020 година да го прогласи за Декада за акција за безбедност на патиштата. Според податоците на ОН, годишно во светот гинат 1,3 милиони луѓе како последица на сообраќајните незгоди. Од загинатите половина се пешаци, велосипедисти и моторциклисти. Споредбено, во Македонија во 2009. година се регистрирани 4.357 сообраќајни несреќи со потешки последици. Од нив 3.154 се случиле во населени места, при што загинале 69 луѓе, додека на отворено се случиле 1.203 незгоди со 91 загинат. /крај/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

