Македонија
Во Охридско и денес мобилно за заштита на крајбрежјето
Денешните врнежи во Охрид, засега не предизвика поголеми проблеми.
Денешните врнежи во Охрид, засега не предизвика поголеми проблеми.
Службите од Координативното тело за справување со поплави, ги продолжија активностите за заштита на крајбрежјето од надојдената езерска вода.
Иако нивото на Охридското Езеро, веќе четири дена не е променето и е на 24 сантиметри над дозволената граница, поради опасноста од големи бранови, освен насипите со вреќи, по речиси целата должина на Охридскиот кеј, денес се поставуваа и големи камења, покрај брегот на езерото, во селото Пештани.
Камењата се поставуваа со цел да ги спречат големите бранови , да удираат директно на патот, со што истиот ќе се заштити од нови поткопувања.
Директорот на МЈП „Проаква“ Бранислав Трпчески денеска беше во Пештани, за да укаже на внимателност при поставувањето на камените насипи, за да не дојде до оштетување на цевководот.
Жителите на оваа туристичка населба го почуствуваа најголемиот проблем, кој го предизвика надојденото езеро.
Тие веќе две недели мака мачат со подземните води, кои им ги наполнија подрумите и приземните простории.
“Бројот на куќи, што се поплавени се зголемува, а водата почна да се појавува и во куќите, што се на повисоко. Џабе ја вадиме водата со пумпи, таа повторно надоаѓа и тоа во многу поголема количина.Буквално целото село е над вода, се плашиме влагата да не ги нагризе и темелите од објектите“, се жалат Пештанци.
Во Пештани денеска беше и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димоски кој истакна дека сите расположливи ресурси на државата се ставени во служба на заштита на крајбрежјето.
– “Интензивно се анализираат сите можни ситуации и за таа цел веќе имаме воспоставено соодветна комуникација со локалната самоуправа. Мислам дека е добро и тие да вклучат и можам повторно да кажам дека ситуацијата е под контрола, односно дека овие напори што ги вложуваме и работите што се изведуваат на терен ќе бидат доволни за да можат да се избегнат какви било несакани последици.Сакам на овој начин да им влеам сигурност и да ги смирам граѓаните дека навистина ситуацијата е под контрола и не е опасна“, – рече Димоски./крај/охридњус/см
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се скараа за дрогата која била набавена во Македонија
Опозициската СДСМ денеска со остро соопштение реагираше по заплената на околу пет тони дрога во Србија, наведувајќи дека наркотиците пристигнале преку Македонија и дека станува збор за, како што велат, „картелски скандал од огромни размери“.
Од СДСМ посочуваат дека меѓу уапсените лица има и косопственик на македонска фирма, што, според нив, отвора сериозни прашања за одговорноста на институциите и можната вмешаност на државни структури.
„Како е можно пет тони дрога да поминат преку македонската граница, а Владата да молчи? Без поддршка или затворање очи од структури во власта и институциите, ваков шверц е невозможен“, наведуваат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ возвратија:
СДСM прашуваат како поминала дрогата? Одговорите на овие прашања нека ги постават кај познатиот сопственик на фабрика за марихуана Зоран Заев, независно дали се наоѓа во Струмица или на трошење на пари во сигурниот Дубаи. Директен линк со него има Венко Филипче.
Македонија
Сообраќајот во зимски услови по влажни коловози
Поради врнежи од снег се уште е во сила забраната за тешки товарни возила и автобуси воведена од 9:20 часот утрово на патниот правец крак Шипковица-Попова Шапка, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на остаматите државни патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во Крушево, Попова Шапка и Маврово и на планинските превои Стража и Ѓавато и на патниот правец Берово-Струмица.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 21.11.2025 до 31.03.2026 година се затвора за сообраќај за сите видови возила.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
До 5 февруари пријавување за субвенциониран студентски оброк
Министерството за образование и наука ги информира студентите дека рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025/2026 година трае од денеска до 5 февруари 2026.
-Правото на субвенциониран студентски оброк може да го користат сите редовни студенти на додипломски студии кои имаат месечен приход помал од минималната нето плата, но и студентите запишани на постдипломски студии и на интегрирани студии на државните и на приватните универзитети во државата. Студентите кои ги исполнуваат условите, а не аплицирале досега, може да поднесат апликација, електронски преку порталот: https://e-uslugi.mon.gov.mk, соопшти МОН.
Условите и критериумите за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк се достапни на линкот https://mon.gov.mk/mk-MK/konkursi-i-stipendii/konkursi-mon/javen-povik-za-ostvaruvanje-na-pravoto-na-subvencioniran-studentski-obrok-za-akademskata-20252026-godina
-За поддршка при аплицирањето, контактирајте преку е-пошта: [email protected] Студентите на кои им било прекинато правото на субвенциониран оброк, а сметаат дека ги исполнуваат условите, може повторно да аплицираат. Овој рок е, исто така, отворен за студентите кои не аплицирале во претходните активни рокови, информира Министерството за образование и наука.

