Македонија
НСДП, ЛП и НА формираа пратеничка група
„Пратениците од НСДП, ЛП и НА денеска се договорија да настапуваат како единствена пратеничка група“.
„Пратениците од НСДП, ЛП и НА денеска се договорија да настапуваат како единствена пратеничка група“.Ова денеска во Собранието на Република Македонија го изјави претседателот на НСДП Тито Петковски кој рече дека за создавањето на оваа пратеничка група е направено поради низа фактори.
Како прв фактор Петковски рече дека е доследноста која овие партии ја имаат кон граѓаните и дека она што го ветиле на изборите во 2008 година ќе го остварат.
„Втората причина е трите партии кои што ја формираат оваа пратеничка група по фундаменталните прашања од државен интерес имаат многу слични и блиски погледи“, потенцираше Петковски.
Како трет мотив го наведе зголемувањето на моќта на опозицискиот фронт во Република Македонија.
„На овој начин преку формирањето на оваа пратеничка група, преку нејзиното учество во парламентот и при креирањето и градењето на собраниската политика за начинот на третирањето на прашањата ќе можеме да имаме дополнително влијание“, рече Петковски и додаде дека ќе имаат поголеми влијанија во ставањето на дневен ред прашања кои што се од интерес на граѓаните.
ЛДП не се дел од оваа пратеничка група, а од страна на Ѓорѓи Оровчанец беа обвинети за кокетирање со власта.
Од ЛДП велат дека тоа бил очекуван потег и дека истиот претставува очигледна фрустрација на Црвенковски од фактот како што велат поквалитетни, подобри, поосмислени опозициски настапи од неговата СДСМ.
„Ние се фокусираме на Груевски, а фрустрациите на Црвенковски нека останат на Бихачка. Оровчанец е положен на силен притисок од Црвенковски да го направи овој потег и ние имаме разбирање“, рече Андреј Жерновски од ЛДП.
Координатор на пратеничката група ќе биде ќе биде пратеникот Стојан Андов, а заменик – координаторот ќе биде пратеникот Горан Мисовски./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

