Македонија
Хидролошката состојба во Македонија стабилна
Хидролошката состојба во Македонија е стабилна и не се забележани промени на водостојот на критичните места, информираат од Координативното тело на Владата за справување со последиците од поплавите.
Хидролошката состојба во Македонија е стабилна и не се забележани промени на водостојот на критичните места, информираат од Координативното тело на Владата за справување со последиците од поплавите. „Според информациите од утринските мерења, нивото на водостојот на Охридското Езеро е на истото ниво како и претходните денови. Промени во водостојот не се забележани ниту кај акумулациите Глобочица и Шпилје“, вели Драган Симоновски, портпарол на Министерството за транспорт и врски. Според информациите од УХМР, во изминатото деноноќие во Охрид наврнале 13 литри на метар квадратен, додека од езерото се испушта вода со интензитет од 60 литри во секунда. Водостојот е стабилен и во Пелагонија и Полошко. Од Координативното тело информираат дека сообраќајот на релацијата Битола – Ресен кај месноста Ѓавато се одвива по алтернативен пат без застои. Уредување се врши на коритото на реката Дрим со цел подобар проток на поголемо количество на вода. Заштитни мерки за превенција од евентуални нови одрони се превземаат на патниот правец Маврово – Дебар. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.

