Македонија
СДСМ: Парите за Скопје 2014 Груевски да ги пренамени за граѓаните

Опозициската СДСМ денеска го повика премиерот Никола Груевски да ги посети стечајците во Куманово кои со месеци штрајкуваат со глад и да се соочи со жртвите од неговото
Опозициската СДСМ денеска го повика премиерот Никола Груевски да ги посети стечајците во Куманово кои со месеци штрајкуваат со глад и да се соочи со жртвите од неговото министерување во владата на Љубчо Ѓеорѓиевски.
“Додека Црвенковски се сретнува со млекопроизводителите од битолско, пченичарите од прилепско или занаетчиите од старата скопска чаршија го повикуваат да се отрезни и наместо 200-те милиони евра народни пари да ги потроши на мегаломанскиот проект “Скопје 2014-18“, да ги искористи за решавање на нивните проблеми“-стои во соопштението до СДСМ.
Од партијата на Бранко Црвенковски потсетија на протестот кој во вторникот се случуваше пред Владата и во кој премиерот им соопшти на изгладнетите и изнемоштени стечајци дека не може да го реши нивниот проблем, бидејќи тоа не било зацртано во програмата на ВМРО ДПМНЕ.
“Наместо да ги употреби 200-те милиони евра народни пари за да ги реши проблемите на граѓаните, Груевски ќе ги задоволува личните хирови со неговиот мегаломански и забеган проект “Скопје 2014-18“, обвинија од СДСМ.
СДСМ на денешната прес-конференција го презентираше спотот Македонија 2010 година, кој според нив ја одразува реалноста во земјава./крај/со/вм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Пожарот зафати само надворешен дел од дворот на Психијатриската болница Бардовци, нема причина за загриженост, велат од МЗ

По пожарот што вчера зафати дел од тревна површина во дворот на ЈЗУ Психијатриска болница „Скопје“, Министерството за здравство ја информира јавноста дека ситуацијата е целосно ставена под контрола и нема причина за загриженост.
Од безбедносни причини, во краток временски период беше спроведена превентивна евакуација на дел од пациентите и вработените. Навремената и координирана интервенција на надлежните служби спречи проширување на пожарот кон болничките објекти. Не е причинета никаква материјална штета врз објектите и не се регистрирани повредени меѓу пациентите и персоналот.
Пожарот зафати само надворешен дел од дворот, обраснат со сува трева и истиот е успешно локализиран.
Во објектите на болницата има присутен дежурен медицински и административен персонал и активно ќе ја следат состојбата.
Македонија
(Видео) Во седум налети хеликоптерот на МВР исфрли 10 тони вода

Вчера полициски службеници од Хеликоптерската единица за полициски намени при МВР, а по претходно добиено барање од ЦУК за преземање активности во врска со гаснење на пожар во реонот на Блаце, се упатија со хеликоптерот Бел 412 за извршување на задачата.
Во седум налети хеликоптерот исфрли 10 тони вода, а потоа поради ноќните услови се врати во базата, извести МВР.
Македонија
Нормализиран патниот сообраќај до граничниот премин Блаце

Ноќеска е нормализиран патниот сообраќај до граничниот премин Блаце. Укината е забраната и за товарните моторни возила и за автобусите.
Претходно поради настанатиот пожар над магистралниот пат А4 Скопје – Блаце кај тунелот кој се прошири над магистралниот пат, сообраќајот беше пренасочен за патничките возила, а во прекин беше за товарните моторни возила.
МВР воспостави посебен режим на движење на возила од Граничен премин Блаце кон Скопје.
Сообраќајот за патнички моторни возила беше пренасочен кон село горно Блаце по стариот пат кон село Бањани, Глуво и Скопје.
Воспоставен беше посебен режим на движење на возила и во правец од Скопје кон Граничен премин Блаце.
Сообраќајот од Скопје кон граничниот премин беше пренасочен по регионален пат Р 22 39 кон село Бразда, Село Глуво Горно Блаце.