Македонија
Хуманитарен осмомартовски Базар
Осмомартовски хуманитарен базар ќе се одржи денеска во Средното училиште на Град Скопје „Здравко Цветковски“.
Осмомартовски хуманитарен базар ќе се одржи денеска во Средното училиште на Град Скопје „Здравко Цветковски“.На базарот ќе се продаваат предмети изработени од учениците, а собраните средства ќе бидат донирани на семејство од Македонски Брод за лекување на нивното шестгодишно дете.Ова е втор хуманитарен базар на ова училиште со амбиција да стане традиционален. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Големи гужви попладнево на повеќе скопски улици – сообраќајот закочен
Огромни гужви има попладнево во повеќе делови од главниот град, а граѓаните се жалат дека се заглавени во своите автомобили повеќе од еден час, на рути за кои воглавно се потребни по 20 до 30 минути.
Според информациите, голем метеж има кај Автокоманда поради сообраќајна незгода со неколку возила, поради што настанати се колони, а автомобилите едвај се движат и во реонот на Железара и Бутел, каде исто има информации за случена сообраќајна несреќа.
Големи колони попладнево беа забележани и кај Влае.
Засега не е позната состојбата на учесниците во незгодите.
Граѓаните се жалат на големи гужви и во реонот на скопски Аеродром, Ново Лисиче, Нерези.
Македонија
Симулациска вежба на кандидатите за полициски службеници за одговор при природна непогода
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес во Центарот за обука на МВР во Идризово, присуствуваше на симулациска вежба со кандидатите за полициски службеници, за одговор на полицијата по случена природна непогода – земјотрес и нарушување на ЈРМ од поголем обем.
„Вежбата се организира во рамките на теренско тактичката обука на кандидатите за време на последната работна недела на кандидатите од генерација 2024/2025. За симулациската вежба беше подготвено сценарио за прикажување на одговор на настаната ситуација од земјотрес. Целта на вежбата е да се претстават вештините на кандидатите за полицаец во делот на обезбедување прв одговор во случај на природна непогода и тоа преку обезбедување помош и поддршка на населението, обезбедување лице место и спасување на настрадани како и одговор на полицијата при нарушен Јавен ред и мир од поголем обем. Во спроведувањето на вежбата активно се вклучија: Црвен крст, Единицата за брзо распоредување, Единицата за службени кучиња и граничната полиција“, потенцираше министерот Тошковски.
Тошковски подвлече дека со таквите практични вежби се симулира реалност во која идните полициски службеници ќе можат да ја демонстрираат својата подготвеност за работа во сложена безбедносна состојба и е можност за унапредување на соработката и координацијата со Црвениот крст која е од суштинско значење во вакви реални ситуации.
Македонија
90% од пругата Куманово-Бељаковце беше завршена од СДСМ, Мицкоски се кити со туѓи перја, велат од СДСМ
„Пуштањето во употреба на железничката пруга Куманово-Бељаковце иститoчниот дел од Коридорот 8, е уште еден значаен стратешки инфраструктурен проект кој е потврда за правилните политики на СДСМ. 90% од изградбата на пругата Куманово-Бељаковце е завршена во периодот на Владата на СДСМ и горди сме што денеска се пушта во употреба. Денешното возење на Мицкоски и половина ДПМНЕ во воз по пругата Куманово-Бељаковце е уште едно признание за се она што СДСМ го направи во изминатите години“, велат од СДСМ.
Мицкоски, според СДСМ, се кити со туѓи перја но сепак добро е што проектот е завршен, тоа е во интерес на граѓаните.
„„Пругата наречена надеж“ 28 години тапкаше во место и немаше никакво поместување во делот на изградбата. Благодарение на посветеноста на Владата на СДСМ изградбата започна во октомври 2022 година и сега се завршува. СДСМ докажа дека кога се има желба, кога се работи посветено и со правилно менџирање на буџетските финансии и ресурси, секоја цел е остварлива. Овој значаен инфраструктуен проект отвора нови европски рути за железнички превоз, го подобрува регионално поврзување на Македонија со пристаништата во Бургас и Варна во Бугарија и Драч во Албанија, што е од исклучителна важност за македонската економија. Дополнитлено новата железничка инфраструктура е можност за отворање на пазари за нови инвестиции, за нови соработки меѓу домашните, но и со меѓународните компании, помалку трошоци за транспорт и безбеден траснпорт“м дополнуваат од партијата и додаваат:
„Инфраструктирните проекти на СДСМ, се проекти со трајна вредност и се потврда дека СДСМ работи за реалните потреби на граѓаните, создавајќи проекти кои го унапредуваат животот во нашата земја“.