Контакт

Македонија

„Македонија пат“ чисти со полна пареа

Објавено пред

Поради обилните снежни врнежи на територијата на целата земја, ЈП „Македонија пат“ ја активира целосната расположлива механизација, со цел нормално одвивање на сообраќајот.

Поради обилните снежни врнежи на територијата на целата земја, ЈП „Македонија пат“ ја активира целосната расположлива механизација, со цел нормално одвивање на сообраќајот. Од „Македонија пат“ соопштуваат дека располагаат со доволни количини сол и абразивни материјали за справување со снегот, кој непрестано паѓа речиси 10 часа. Поради врнежи од снег и поголеми остатоци од снег на коловозот, на граничниот премин Ќафасан (према Р. Албанија) има забрана за движење на тешките товарни возила. Поради поголеми остатоци од снег на коловоз има забрана за движење за тешките товарни возила на планинските превои Стража, Маврово и Плетвар. На планинските превои Попова Шапка, Пресека и Ѓавато задолжителна е употреба на зимска опрема за тешките товарни возила. /крај/со/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Променливо облачно време со сончеви периоди

Објавено пред

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди.

Ќе дува умерен, по должината на Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до 1, а максималната ќе достигне од 4 до 11 степени.

Во Скопје променливо облачно, претпладне со повремени сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -8, а максималната ќе достигне 7 степени.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Ќе дува умерен, на места засилен ветер од јужен и југоисточен правец. Утринските и дневните температури ќе бидат во пораст.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ најави блокади во Скопје и протести во 15 града

Објавено пред

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ за утре најави блокади во Скопје и протести во 15 града на кои ќе бара оставка од премиерот Зоран Заев.

„Нема да дозволиме понижување и распродажба на државните и националните интереси и токму затоа сите заедно сплотени, во масовен број, ќе испратиме порака дека Зоран Заев и СДСМ мора да си заминат што побргу бидејќи на Македонија ѝ донесоа само порази и неуспеси“, велат од опозициската партија.

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува граѓаните, утре, во 15 часот, да им се приклучат на блокадите пред Владата и Министерството за надворешни работи. Протести со почеток од 18 часот ќе се одржат и во Куманово, Македонска Каменица, Пробиштип, Делчево, Пехчево, Берово, Виница, Радовиш, Валандово, Дојран, Велес, Кавадарци, Прилеп, Битола и во Охрид.

Прикажи повеќе...

Македонија

Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ лаже дека македонскиот јазик и идентитет се загрозени

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ и во Собранието и надвор од него не прави ништо во интерес на граѓаните, напротив, само лаже и се однесува деструктивно, порача пратеникот на СДСМ, Костадин Костадинов, на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет во Собранието.

„Вашето однесување често потсетува на режим, на едно време кога овде во оваа сала се тепаа пратеници, само затоа што имале поинакво мислење од вашиот лидер“, порача Костадинов обраќајќи се кон пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и додаде дека токму ВМРО-ДПМНЕ со неодговорното однесување го загрозува јавното здравје.

Костадинов посочи дека ВМРО-ДПМНЕ не направила ништо позитивно за државата, а за време на кризата предизвикана од коронавирусот постојано ги игнорира мерките и тера дневна политика со здравјето на граѓаните.

Во обраќањето Костадинов посочи дека навикната на времето на режимот, ВМРО-ДПМНЕ во Собранието се обидува да ја спречи слободата на говор за да не се види на дело нивното лицемерство кон граѓаните.

„Партијата ВМРО-ДПМНЕ 11 години се обидуваше на македонскиот народ да му инсталира поинаков идентитет од тоа што да инсталира антички идентитет и со тоа направи сериозни проблеми. Партијата што го смени името на улицата Бихаќска, каде што во ноември 1942 година е одржано Првото заседание на АВНОЈ, со што е потврдена сувереноста на македонскиот народ, сега глуми патриотизам. Партијата што се обиде да го забрани празнувањето на Февруаскиот поход сега глуми дека во нејзините редови се најголемите партизани. ВМРО-ДПМНЕ поставуваше споменици во вредност од една милијарда евра и немаше храброст да ги именува со вистинските имиња, а денес глуми патриотизам. ВМРО-ДПМНЕ денеска шири загриженост и шири хистерија дека е нарушен македонскиот идентитет, дека е загрозен македонскиот јазик. ВМРО-ДПМНЕ не прави ништо друго, освен што лаже“, порача Костадинов.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 часа

Регистрирани 1.069 новозаразени, 1.242 оздравени и 29 починати лица од коронавирус

Во последните 24 часа се направени 3.012 тестирања, а регистрирани се 1.069 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје-489,...

Македонија13 часа

Со посебни протоколи ќе се отворат скијачките центри

Владата го прифати мислењето на Комисијата за заразни болести дека скијачките центри може да работат во согласност со соодветен протокол,...

Македонија13 часа

Владата предлага продолжување на кризната состојба до јуни

Владата ќе достави до Собранието предлог за продолжување на кризната состојба до јуни в година. Владата на денешната седница го...

Топ16 часа

Украден паричник од покојник во ковид-центар во Скопје

Украден е паричник од маж што починал во ковид-центарот на комплексот клиники „Мајка Тереза“. Случајот вчера во полицијата го пријавил...

Македонија16 часа

Бучковски назначен за специјален претставник на Владата за Бугарија

Владо Бучковски е именуван за специјален претставник на македонската Влада за Бугарија. Поранешниот премиер е именуван на оваа позиција на...

Македонија17 часа

ЗНМ, ССНМ и СЕММ на средба со Филипче: Нема забрана за снимање, новинарите да продолжат непречено со својата работа

На барање на министерот за здравство, Венко Филипче, денеска се одржа состанок со претставници на Здружението на новинари на Македонија...

Македонија17 часа

(Видео) Мицкоски: Ова се моменти кога се одлучува за иднината на нашите деца и внуци

„Ова се моменти кога се одлучува за иднината на нашите деца и внуци и затоа навистина овој пат треба да...

Регион18 часа

Србија воведе нови мерки – угостителските објекти и продавниците ќе работат до 17 часот, за викенд ќе бидат затворени

Србија воведе нови мерки кои треба да бидат усвоени од Владата в четврток и да стапат на сила в петок....

Македонија18 часа

УКИМ: Обезвреднувањето на идеалите и на жртвите за посебна македонска држава би значело и поткопување на темелите на државата

Обезвреднувањето на идеалите и на жртвите за посебна македонска држава би значело и поткопување на темелите на државата, сметаат од Универзитетот...

Македонија19 часа

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 846 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 846 пациенти позитивни и...

Македонија21 час

Волонтерите од Воено-медицинскиот центар и студентите од шеста година се вклучија во работата на ковид-центрите

Лекарите и медицинските сестри од Воено-медицинскиот центар (ВМЦ) и студентите кои се на шеста година студии на Медицинскиот факултет во...

Регион21 час

Катимерини: Спорот меѓу Скопје и Софија ќе се пренесе во НАТО

Инсистирањето на Бугарија да ги блокира разговорите за пристапување во Европската Унија со Северна Македонија ризикува да создаде уште една...

Македонија22 часа

Почина заменик-градоначалникот на Скопје, Енвер Малиќи

Енвер Малиќи, заменик-градоначалникот на Град Скопје, починал денеска во болницата „Систина“, откако беше хоспитализиран поради низа здравствени проблеми, а беше...

Свет23 часа

„Модерна“ бара од САД и ЕУ да ја одобрат нејзината вакцина

Фармацевтската компанија „Модерна“ побара од регулаторите на САД и Европа да ја дозволат употребата на нејзината вакцина против коронавирус. Компанијата...

Свет23 часа

Азар: Првите вакцини против коронавирус во САД ќе стигнат пред Божиќ

Првите две вакцини против новиот коронавирус би можеле да им бидат достапни на Американците пред Божиќ, изјави американскиот министер за...

Свет23 часа

Си-ен-ен: Кина од почетокот криела податоци за коронавирусот, покажувала помали бројки

Си-ен-ен објави ексклузивни документи за кои наведува дека покажуваат значајни пропусти од страна на Кина на почетокот на епидемијата на...

Свет23 часа

Американски експерти: Ким е вакциниран против Ковид-19, вакцината му ја дала Кина

Кина му обезбедила експериментална вакцина против коронавирус на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и неговото семејство, тврди американскиот аналитичар Хери Казианис,...

Свет23 часа

САД: Осуден на смрт пред 20 години не може да биде погубен бидејќи нема инјекција

Судот во Јужна Каролина донесе одлука да се одложи извршување на смртната казна со вбризгување инјекција на осуденикот Ричард Бернард...

Македонија1 ден

Меркел: Северна Македонија се надеваме годинава да ги почне преговорите, Албанија ќе почека

Северна Македонија сè уште има шанси да ја одржи првата Меѓувладина конференција со ЕУ оваа година, во текот на германското...

Македонија1 ден

Нови 336 заболени и 32 починати од Ковид-19 во земјава

Во последните 24 часа се направени 1181 тестирања, а регистрирани се 336 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 95 -Куманово...

Досие