Македонија
Доделување на наградата „Борјан Таневски“
Наградата „Борјан Таневски“ за проминентен личен став искажан во печатените медиуми во Република Македонија за 2009 година ќе биде доделена денеска по шести пат.
Наградата „Борјан Таневски“ за проминентен личен став искажан во печатените медиуми во Република Македонија за 2009 година ќе биде доделена денеска по шести пат.Оваа година наградата ќе му биде доделена на Жарко Трајковски, колумнист во весникот „Дневник“, едногласно е изгласан од тричленото жири по состав, претседател Мето Јовановски, проф Али Алиу и ЕРол Ризаов. Наградата изнесува 75 илјади денари.Наградата се доделува како придонес за поддршка на авторите во Македонија кои заземаат храбар став за актуелни општествени или политички прашања.Оваа награда е основана од семејството на Бојан Таневски, тој беше млад и талентиран интелектуалец кој со голем елан ја следеше евроинтеграцијата на Република Македонија.Наградата првата година ја доби проф. Денко Малевски, потоа публицистот Драган Николиќ, во 2006 година проф.д-р Љубомир Фрчковски, една година по него Никола Гелевски.Минатата година наградата му припадна на карикатуристот и сатиричар Дарко Марковиќ./крај/со/ин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

