Македонија
Јандроковиќ: Билатералните прашања не треба да се услов за ЕУ

Индивидуалниот пристап на секоја земја во Европската Унија (ЕУ) не треба да биде попречен од билатерални спорови.
Индивидуалниот пристап на секоја земја во Европската Унија (ЕУ) не треба да биде попречен од билатерални спорови. Оваа порака денеска во Загреб по заедничката средба ја упатија шефовите на македонската и хрватската дипломатија, Антонио Милошоски и Гордан Јандроковиќ. „Особено е важно дека билатералните прашања не би требало на никој начин да го попречуваат преговарачкиот процес, туку треба да се решаваат вон преговорите за членство на некоја земја во ЕУ“, изјави Јандроковиќ. „Не можам, а во целост да не се сложам со министерот со министерот Јандроковиќ дека билатералните спорови меѓу земјите членки на ЕУ и земјите кандидати за членство не би смеело да го попречуваат процесот на европска интеграција и на тој начин да штетат на веродостојноста на тој процес и на самата ЕУ“, изјави Милошоски. Двајцата министри на средбата констатирале добра соработка меѓу двете земји на политички план, но и можност за поголема соработка во однос на економски и стопански план. /крај/хина/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Независниот синдикат на полицијата најави протест: Основната плата на полицијата не може да биде под минималната плата во државата

Независниот синдикат на полицијата денеска со почеток од 12.00 часот на раскрсницата Мавровка кај судовите ќе одржи полициски протест.
„Полициската плата е составена од основна плата и зголемување од 30%. Основната плата на полицијата не може да биде под минималната плата во државата. Бараме воедначување на судската пракса на апелациониот суд Скопје со Апелационите судови од Битола и Гостивар кој го потврдуваат нашето барање. Протестот ќе започне пред судовите, ќе се одржат кратки говори и ќе се упатиме пеш кон судскиот совет“, велат од Независниот синдикат на полицијата.
Од таму најавија и прес-конференција исто така на раскрсницата кај Мавровка во 12.15 часот.
Македонија
Ѓорче Петров и Аеродром денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· Во периодот од 09:00 – 10:00 часот дел од корисниците од село Кучково кон Манастир, општина Ѓорче Петров;
· Во периодот од 09:00 – 12:00 часот дел од корисниците на улицата Гаврил Констатиновиќ (околу бр.57), општина Аеродром;
· Во периодот од 09:00 – 10:00 часот корисниците од улицата Алексо Демниевски 17, 11 и други куќи во близина, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со пороен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната ќе достигне од 17 до 25 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Времето во наредните денови
Во следните денови времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд.