Македонија
Избрани најдобрите есеи на тема “Корупцијата не е мојата иднина“
Верче Каранфиловска, Тамара Котевска, Симона Локвенец и Сара Робели сите ученички во втора година во скопските средни училишта “Раде Јовчевски- Корчагин“ и “Јосип Броз Тито“
Верче Каранфиловска, Тамара Котевска, Симона Локвенец и Сара Робели сите ученички во втора година во скопските средни училишта “Раде Јовчевски- Корчагин“ и “Јосип Броз Тито“ се добитнички на пофалници за најдобар есеј на тема “Корупцијата не е мојата иднина“.
Претседателката на “Транспарентност Нулта Корупција(НК)“, Слаѓана Тасева рече дека целта на проектот е да се анимираат младите и кај нив уште од рана возраст да се создаде свест дека станува збор за штетна појава која може да ја загрози нивната иднина.
Тасева додаде дека борбата против корупцијата е предизвик за сите генерации при што кај возрасните таа е изразена во потребата да се изгради здраво општество во кое сите убаво ќе живееме додека за младите ова е можност да сфатат дека станува збор за сериозен проблем кој може да им наштети“-истакна Тасева.
Директорите на скопските средни училишта “Раде Јовчевски- Корчагин“ и “Јосип Броз Тито“ рекоа дека станува збор за одлична иницијатива која треба да продолжи и понатаму.
Идејата за есеите е дел од проектот “Културата на законот наспроти корупцијата“, кој го спроведува Транспарентност НК ,со подршка на Норвешката амбасада во Македонија.
Пофални зборови за целата идеја искажа и норвешкиот амбасадор во земјава Кјетил Паулсен кој рече дека покрај јакнењето на јавната свест клучна работа е да се донесуваат повеќе закони кои ќе ја третираат оваа негативна појава. /крај/вм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ да не користи трагедии како во минатото за добивање на политички поени, реагира ВМРО-ДПМНЕ
Срамно и безобразно е соопштението од страна на СДСМ во однос на трагедијата која се случи во скопски Карпош, оценува ВМРО-ДПМНЕ.
„Истата партија СДС, да потсетиме дека обично кога се во опозиција, трагедиите ги користи стрикно за собирање на политички поени, а не за да покаже емпатија. Случајот со Нешковски, малата Тамара, Диво Насеље, Смилковско езеро и многу други, се случаи кои СДС пред да дојде на власт со Заев и Филипче, ветуваше правда и велеше дека ќе обелодени некаква вистина која била криена по повод овие трагедии. СДС со Заев и Филипче, кога дојдоа на власт, заборавија на се како да имаат амнезија.
Затоа, за оваа тема, која ја потресе цела јавност, ги замолуваме СДС да не ја користат за политички поени. За разлика од порано, разликата е во тоа што сега работите се кажуваат гласно и транспарентно, а виновниците имаат имиња и презимиња.
ВМРО-ДПМНЕ упатува сочувство до семејствата на жртвите и посакува да не се случуваат вакви трагедии во иднина“, се вели во реакцијата.
Македонија
Од Пинтија до Драчево ќе се гради современ булевар со четири ленти
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави дека почнува реализацијата на изградбата на булеварот Борис Трајковски.
Објавена е јавната набавка, а по завршување на законската постапка, градежните работи се очекува да почнат за околу 40 дена. Рокот за изведба е до крајот на календарската година.
Проектот опфаќа изградба на современ булевар во должина од 850 метри, со четири коловозни ленти и безбедна пешачко-велосипедска патека, на потегот од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево. Со ова трајно ќе се реши долгогодишниот сообраќаен проблем со кој секојдневно се соочуваат над 100.000 граѓани.

Надлежните апелираат за трпение за време на градежните активности, нагласувајќи дека привремените отежнувања ќе донесат долгорочно, квалитетно и безбедно сообраќајно решение за сите граѓани.
Македонија
СДСМ бара оставка од Тошковски по трагедијата во Карпош
СДСМ побара оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по трагедијата во скопската населба Карпош, каде што починаа мајка и дете.
Од партијата велат дека случајот покажал сериозни пропусти на институциите во заштитата од семејно насилство.
„Институциите биле алармирани, имале сознанија и индиции за ризик, но со нивната несоодветна реакција не ги заштитиле жртвите“, наведуваат од СДСМ.
Од партијата оценуваат дека потфрлил институционалниот систем, вклучително и МВР и центрите за социјална работа.
Тие потсетуваат и на случајот во Велес, каде пред неколку месеци беше убиена млада жена заедно со нејзиниот татко, и покрај претходни пријави за насилство.
„Само во 2026 година изгубени се четири животи поради родово базирано и семејно насилство“, наведуваат од СДСМ.
Партијата бара оставка од Тошковски и темелна истрага која, како што велат, ќе утврди одговорност кај сите службени лица од МВР, центрите за социјална работа и другите надлежни институции.

