Контакт

Македонија

СДСМ: Зделките на Груевски со „Филип Втори“ и „Систина“ ги плаќаат граѓаните

Објавено пред

Матните зделки на Груевски со „Филип Втори“ и кардиохирургијата во „Систина“ се повеќе од очигледен пример.

Матните зделки на Груевски со „Филип Втори“ и кардиохирургијата во „Систина“ се повеќе од очигледен пример. Најстрашно е што заради вашата неспособност македонските граѓани почнаа да плаќаат со својот живот.

Вака реагираше опозициската СДСМ на прекинот на оперативната програма на приватната кардиохирургија „Филип Втори“.

„Завчерашниот прекин на редовната оперативна програма на приватната кардиохирургија ,,Филип Втори“ затоа што само за два месеци не биле подмирени средствата од ФЗО, уште еднаш покажува, зошто СДСМ бараше и бара отворање на државна кардиохирургија“ изјави Добрила Андоновска хирург во Градска хируршка болница Скопје.

„Дали раководител на новата приватна кардиохирургија ќе биде почитуваниот професор од Израел Д-р Салис Таџер, истиот тој што пред само две години, за Никола Груевски и Министерството за здравство, не ги исполнуваше условите и не му дозволивте да ја отвори државната кардиохирургија во состав на Клиниката за Торако-васкуларна хирургија“ прашува опозицијата, околу отворањето на втората приватна кардиохирургија во состав на болницата „Систина“.

Наместо операциите да се изведуваат во државните установи, опозицијата обвинува дека граѓаните, односно ФЗОМ ќе им плаќа на приватните болници, наместо на државните.

„Само за потсетување, ФЗО на ,,Филип Втори“досега му исплаќа 5.000 или 8.000 евра по операција, или околу 10 милиони евра за 1500 операции само во 2009 година. За споредба, сите 6 хируршки клиники каде се изведуваат и најсложени хируршки интервенции имаат вкупен буџет од 10 милиони евра за изминатата година“ изјави Андоновска. /крај/со/фф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Силјановска Давкова: Излеговме да ја одбраниме Македонија од вирус кој ги напаѓа националните интереси

Објавено пред

Од пред Владата на протестот „Оставка на Заев, слобода на народот“ на граѓаните се обрати Гордана Силјановска Давкова, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“. Таа се заблагодари на граѓаните што излегоа на протест и во време на Ковид-19.

„Граѓаните денес излегоа на протест бидејќи сега во моментов се заканува смртоносен вирус на Република Македонија. Вирус кој се заканува дека ќе го загрози идентитетот, јазикот и историјата на Република Македонија. Тој вирус се нарекува Зоран Заев. Ви благодарам за храброста, знам дека се грижите за здравјето како и самата јас. А, денес сме овде бидејќи во прашање е здравјето на Македонија. Покрај почитувањето на мерките за заштита од Ковид-19, не штити и правото, правдата ама се чини и севишниот. Што сакам да кажам? Забележувате дека ако сакате да ве почитуваат мора да имате самопочит. Јас за тоа им благодарам на сите оние, не само оние кои се овде туку и на оние кои што се одважија гласно да ја изразат самопочитта кон себе, кон својот народ, кон своите граѓани, кон својата држава. И тоа не е случајно. Горда сум на Универзитетот на кој што многу генерации сум учела на право, правда и морал, исто така што се огласи. Универзитетот „Кирил и Методиј“, Институтот за национална историја, МАНУ, Машински факултет, Европското движење чиј еден од основачите сум, и уште многу други институции но и интелектуалци, но и луѓе кои што се основачи на многу партии“, истакна Силјановска Давкова.

Таа посочи дека Македонците не се без корен. „Република Македонија има длабоки корени во минатото. Името Македонија се споменува и во Библијата. Оваа држава не може никој да ја уништи, нејзината историја е длабока што не може ниту еден договор да ја избрише. Македонците како и сите народи имаат право на своја историја, свој јазик и свој идентитет.Не не сме ние без корен. Името Македонија ќе го најдете не само во Библијата, туку во многу, многу книги. Името ќе го најдете во многу, многу анализи, на многу карти“, рече Силјаноска Давкова.

Прикажи повеќе...

Македонија

Шилегов: Вчера загубивме голем човек, голем пријател

Објавено пред

Во чест и сеќавање на Енвер Малиќи, денеска, со едноминутно молчење почна и се одржа онлајн-комеморативната седница, која беше пренесувана на фејсбук-каналот на Град Скопје. На комеморацијата од починатиот заменик-градоначалник на Скопје се простија членовите од неговото семејство, пријателите и соработниците.

„Со длабока тага и чувство на голема загуба вчера ја примив веста за смртта на мојот добар пријател Енвер Малиќи, заменик-градоначалник и успешен бизнисмен. Со неговото заминување изгубивме голем и искрен пријател, но и соработник, кој несебично го делеше своето обемно искуство во повеќе области. Бидејќи беше човек со ведар дух, со него лесно се разговараше на сите теми, па, така, често разменувавме мислења за развојот на локалната самоуправа, за економијата, како и за политички теми поврзани со земјата и регионот. Тие што го познаваа Енвер знаат дека тој од ништо не се плашеше и секогаш беше подготвен за нови предизвици. Енвер беше еден од највлијателните стопанственици во државата и затоа беше почитуван во бизнис-заедницата како успешен бизнисмен, но и како голем хуманист и филантроп. Нема зборови што може да му ја ублажат болката на семејството, кое доживеа ненадоместлива загуба, но изгубивме и сите ние што го познававме Енвер. Тој беше човек со големо срце и со разбирање за проблемите и потребите на своите сограѓани. Нека ти е светол патот, мој пријателе, и почивај во мир“, реле Шилегов на комеморацијата.

Во име на советниците на Советот на Град Скопје длабоко сочувство до семејството Малиќи изрази Бесник Ајети од ДУИ.

„Дозволете, во мое име и во име на колегите, да ви изразам длабоко сочувство по повод заминувањето од овој свет на најскромниот колега, бизнисмен и човек што некогаш сум го познавал, покојниот г. Енвер Малиќи. Несомнено, господин Енвер беше посебен во својата професија и пошироко. На овој почесен ден, духовно и во молитва сме заедно со семејството Малиќи. Нека е вечен споменот за него“, рече Бесник Ајети.

Денеска, во просториите на Град Скопје (пред влезот во кабинетот на градоначалникот, барака број 4) е отворена книга на жалост за прерано починатиот заменик-градоначалник Енвер Малиќи. Сите граѓани што сакаат да се запишат во книгата на жалост тоа ќе може да го направат од 11 до 16.30 часот до петок.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мисајловски: Сите заедно да се сплотиме против Заев и да победи Македонија

Објавено пред

Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот протест со мотото „Оставка на Заев, слобода на народот,“ посочи  дека од Министерството за надворешни работи се скриени и немаат одговор за главните прашања за Mакедонецот, немаат договор за македонскиот идентитет, за македонската историја.

„Ова не е партиски протест, ова е македонски протест, затоа сакаме да ги повикаме сите граѓани, независно од која партија се, да дојдат и да ни се приклучат. Оваа борба, оваа битка, не е суво политиканство, оваа борба се вика Македонија. МНР треба да ги штити македонските национални интереси, каде што едно време јас работев, а сега гледаме дека неколку дена се скриени и немаат одговор за главните прашања за Македонецот, немаат договор за македонскиот идентитет, за македонската историја, токму така како што кажавте – изгледа ‘рбетот го свиктаа. Дали гледате дека некоја бугарска телевизија и медиум треба да дојде за сите да сфатиме што преговара Зоран Заев и зошто македонските медиуми не може да дознаат. Гледаме дека целата Влада е скриена и не коментираат за овие прашања зашто сè му е оставено на Зоран Заев да распродава“, истакна Мисајловски.

Тој во своето обраќање укажа дека сите заедно треба да се сплотат против непријателот Заев за Македонија да победи“.

„Сакам да ве замолам сите со еден, голем аплауз во градовите каде што се протестира и луѓето се на улиците, секоја чест има луѓе што си ја сакааат Македонија, не им е важна ниту политичка кариера ниту им е важно што било друго, освен македонската правдина, а за таа македонска правдина треба сите заедно да се избориме и да ја добиеме. Затоа, оваа парола, која гласи: ‘Оставка за Заев, слобода на народот’, за слобода на народот ние треба сите заеднички да се сплотиме против овој непријател што секој ден излегува и лаже на телевизиите и им се додворува на странските држави“, додаде тој.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија57 минути

Сеизмолошка опсерваторија: Земјотресот во Скопје со јачина од 3,5 степени

Телеметриската сеизмолошка мрежа во Македонија објави дека денешниот земјотрес бил со јачина од 3,5 степени според Рихеровата скала. Епицентарот на...

Македонија3 часа

Пратениците да покажат бојадисано јајце за Велигден, бара опозицијата во еден од амандманите

Во еден од амандманите на опозицијата се вели дека за време на велигденските празници, пратениците кои ќе учествуваат во работата...

Македонија3 часа

ИЈЗ: Се намалува бројот на новозаболени, расте бројот на оздравени пациенти

Бројот на новозаболени со коронавирус во периодот од 23 до 29 ноември се намалува, додека расте бројот на оздравени пациенти,...

Македонија4 часа

Филипче: Го подготвуваме здравствениот систем за вакцинација за Ковид-19

Здравствениот систем го подготвуваме за вакцинација за Ковид-19. Ова ќе биде една од најголемите логистички операции која ќе треба да...

Македонија4 часа

Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ не ги исплатила долговите за 270 уметнички слики со позлатени рамки

ВМРО-ДПМНЕ е партија во стечај со блокирани сметки и замрзнати недвижности, меѓу кои и мегаломанското квази барокно здание, седиште на...

Економија4 часа

Групацијата АРИКОМА ја купува компанијата „Сеавус“

Претставниците на Групацијата АРИКОМА (ARICOMA), која е дел од чешката Групација ККЦГ(KKCG) на Карел Комарек, најавуваат значаен чекор поврзан со...

Свет4 часа

Русија почна со вакцинација на војниците против коронавирус

Во Централниот воен округ на Русија почна вакцинација на војниците со вакцината против коронавирус „Спутник V“ и прво ќе се...

Регион5 часа

„Коха“: Тачи ќе го бранат пет адвокати во Хаг

Поранешниот претседател на Косово, Хашим Тачи, ќе го бранат пет адвокати пред Специјалниот суд во Хаг, пишува „Коха“. Специјализираниот совет...

Свет5 часа

Интерпол предупредува на опасноста од лажни вакцини

Интерпол предупредува дека меѓународната мрежа на организиран криминал може да се насочи кон новите вакцини против Ковид-19. Како што е...

Регион5 часа

Во Хрватска 3.539 новозаразени и 55 починати од Ковид-19

Според официјалните податоци, во Хрватска денес има 3.539 новозаразени лица со Ковид-19, а 55 пациенти починале. Хоспитализирани се 2.408 пациенти,...

Македонија6 часа

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се примени 30 нови пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 30 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно...

Македонија7 часа

ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира во 16 града

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе протестира во 16 града. Од партијата најавија дека на протестите ќе биде испратена порака до премиерот Зоран...

Свет7 часа

Во САД повеќе од 2.500 починати од коронавирус за 24 часа

Соединетите Американски Држави во вторникот потврдија повеќе од 2.500 смртни случаи за 24 часа, што е најголем број смртни случаи...

Свет8 часа

Велика Британија ја одобри вакцината против коронавирус на „Фајзер“

Велика Британија е првата западна земја што одобри вакцина против коронавирус од производителот „Фајзер“. Британскиот регулатор, МХРА, вели дека вакцината,...

Свет8 часа

Американскиот секретар за правда: Нема докази за изборна измама

Американскиот секретар за правда, Вилијам Бар, рече дека Секретаријатот за правда не нашол докази за широко распространета изборна измама што...

Свет9 часа

Макрон: Вакцинацијата во Франција ќе почне во јануари

Францускиот претседател, Емануел Макрон, синоќа изјави дека програмата за вакцинација на коронавирус најверојатно ќе се активира на почетокот на јануари...

Македонија21 час

Регистрирани 1.069 новозаразени, 1.242 оздравени и 29 починати лица од коронавирус

Во последните 24 часа се направени 3.012 тестирања, а регистрирани се 1.069 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје-489,...

Македонија22 часа

Со посебни протоколи ќе се отворат скијачките центри

Владата го прифати мислењето на Комисијата за заразни болести дека скијачките центри може да работат во согласност со соодветен протокол,...

Македонија22 часа

Владата предлага продолжување на кризната состојба до јуни

Владата ќе достави до Собранието предлог за продолжување на кризната состојба до јуни в година. Владата на денешната седница го...

Топ1 ден

Украден паричник од покојник во ковид-центар во Скопје

Украден е паричник од маж што починал во ковид-центарот на комплексот клиники „Мајка Тереза“. Случајот вчера во полицијата го пријавил...

Досие