Македонија
Зголемување на преработката на градинарските производи за 10.000 тони
Преработувачите на земјоделски производи оваа година ќе преработат 10.000 тони повеќе производи во однос на минатата година.
Преработувачите на земјоделски производи оваа година ќе преработат 10.000 тони повеќе производи во однос на минатата година.
Ова денеска го соопшти претседателот на Асоцијацијата на преработувачи, Борис Алексов по средбата со примарните производители на градинарски производи.
Двете страни денеска се состанаа во просториите на министерството за земјоделство за да ги доближат ставовите околу количините и цената на производите кои треба да ги откупат преработувачите.
Целта на средбата е да се иницира процес на договорно производство кој ќе гарантира добри цени и пласман за примарните производители од една и доволно количини за преработувачите од друга страна, изјави заменик министерот за земјоделство Перица Ивановски.
Претставник на федерацијата на примарни производители на градинарски производи рече дека ги добиле предложените цените и дека истите ќе мора дополнително да ги дефинираат.
Производителите побарале нагорна корекција на цените, бидејќи според нив, има простор за добијат поголеми откупни цени.
Земјоделците наведоа дека ја имаат загубено довербата во откупувачите поради претходните варирања на цените, а како проблем го истакнаа и времето на исплата на откупот.
За Асоцијацијата на преработувачи најважно е да се обезбеди доволна количина на суровини бидејќи речиси 80 отсто од производите се за извоз.
“Капацитетите на преработувачки објекти се зголемуваат, а со тоа се зголемува и потребата од суровини за производство. Во моментов бројот на преработувачки капацитети е 53, од кои 44 се во функција. Во 2008 година за 10 отсто се зголеми откупот на земјоделски производи во однос на претходната година и за оваа година планираме да преработиме 70.000 тони“, рече Борис Алексиев. /крај/вм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.
Македонија
Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.
Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.
Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.
За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.
Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.
Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.
Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево
Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

