Македонија
МТСП по електронски пат ќе ги избира посвоителите на деца
Брачните парови кој што ќе сакаат да посвојат дете, од сега ќе се избираат по електронски пат.
Брачните парови кој што ќе сакаат да посвојат дете, од сега ќе се избираат по електронски пат.
Ова се новите предлог измени на законот за Семејство, што денеска ги најави Министерството за труд и социјална политика (МТСП)
Со ново предложените измени, поднесените барања за посвојување од брачните парови, автоматски ќе се внесуваат во електронскиот софтвер во МТСП, со што подоцна системот, ќе ги избере најдобрите пет потенцијални посвоители за едно дете.
Ќе се стегаат и надлежностите на комисијата која ќе одлучува за правото на посвојување.
Наместо досегашните пет, сега се предвидува 15 члена комисија, во која секоја група составена од пет преставници до денот на разгледување на барањата. Никој нема да знае на кој предмет ќе работи, и притоа нема да има можност како досега, да ги знае личните податоци на посвоителите.
Министерот за труд и социјала Џељал Бајрами смета дека овие измени, ќе ги намалат досегашните малверзации и фаворизирања на одредени членови од Комисијата при посвојување на деца.
„Кога системот ќе ги избере петте можни посвоители за одредено дете, истите предмети ќе се препраќаат во комисијата на МТСП. Предметите кој што ќе се препраќаат во МТСП не ќе бидат со име и презиме туку истите ќе бидат шифрирани. Членовите од комисијата кои што ќе работат на одредено барање, нема да знаат кои ќе бидат и на кое барање ќе работат“, изјави министерот за труд и социјала Џељал Бајрами.
Измени ќе има и во делот на потребното работното искуство на посвоителите, наместо досегашните 15 години, сега старосната граница се намалува на пет годишно работно искуство.
Најчестите проблеми со кои посвоителите се соочуваа во изминативе години се неаргументираните негативни одговори и фаворизирање на одредени брачни двојки од страна на комисијата за посвојување.
Предлог измените на законот за семејство се во собраниска процедура и се очекува новите измени да стапат во сила најдоцна до крајот на наредниот месец./крај/рќ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево време со температута од 17 степени, за утре метеоролозите најавија повремени локални врнежи од дожд
Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 17 степени, јавува УХМР.
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност, освен во четврток кога ќе има повремени локални врнежи од дожд. Утре и во четврток по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos

