Македонија
Битолска неонатологија пребукирана од бебиња и родилки
За разлика од некогашните три, деновиве на битолска неонатологија се раѓаат во просек по десет новороденчиња дневно, поради затворање на породилиштето во Прилеп.
За разлика од некогашните три, деновиве на битолска неонатологија се раѓаат во просек по десет новороденчиња дневно, поради затворање на породилиштето во Прилеп. Во битолската клиничка болница сега покрај родилки од Битола и околината, доаѓаат од Прилеп и Крушево и нивните околни села, што доведува до преангажираност на битолските гинеколози и неонатолози.„Состојбата на нашето одделение е на некој начин пореметена, затоа што е поголем приливот на бремени жени кои доаѓаат да се пораѓаат во битолската болница и бројот на новородени е голем, а нашиот капацитет е мал, сепак мораме да се снаоѓаме, вели Мери Џарлиева, раководителка на одделот за неонатологија во болницата во Битола.Пред смртта на родилките во прилепската болница, во битолска неонатологија месечно имало по 110 новороденчиња. Бројот на новородени во февруари кој е пократок од другите месеци се искачил на 127, а во март нивниот број се очекува да биде уште поголем.„За десет дена овој месец има 60 новородени, што би било 180 до крајот на месецот. Персоналот е преангажиран“, вели ЏарлиеваСпоред неа, капацитетот на неонатологија е исполнет над максимумот.„Ние имаме 20 до 21 место, а во моментов имаме 28 деца“, вели ЏарлиеваМајките кои се породиле чекаат во собата за припрема пред раѓање, а нивните бебиња во адаптирана соба за нив се додека некои од родилките не го напуштат одделението. Но, додека се чекаат слободни кревети, процесот на работа не запира. Гинеколозите вршат нови породувања. Очекувањата и на гинеколозите и на неонатолозите се дека состојбата брзо ќе се промени, а идните мајки за породувања ќе се испраќаат и во породилиштата во Кавадарци или Неготино./крај/тера/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

