Македонија
„Меѓаши“:Родителското право да се одзема превентивно
Одземањето на родителското право треба да се врши превентивно, а не дури кога ќе настанат тешки повреди и последици врз децата или смрт од насилство брз децата од страна на родителите или од родителска негрижа.
Одземањето на родителското право треба да се врши превентивно, а не дури кога ќе настанат тешки повреди и последици врз децата или смрт од насилство брз децата од страна на родителите или од родителска негрижа. Ова е ставот на Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“, поради најавата на Центарот за социјални работи од Прилеп да му го одземе родителското право на семејството Кулески врз нивната ќерка Ангела откако во трагедија го загубија едногодишното бебе Билјана „Доколку во случај со семејството Кулески имало увид и надзор врз вршење на родителското право се наметнува прашањето зошто претходно не е покрената постапка за одземање на истото туку се дејствува отпосле, односно од кога се случи несреќата“, се вели во реакцијата на „Меѓаши“. Според Првата детска амбасада, секаде каде што ќе затаи семејството во обезбедувањето на основните економски услови за нивните деца, државата да интервенира со свои механизми и инструменти за да им се овозможи на децата да ги остваруваат своите права кои им се загарантирани со Конвенцијата за правата на детето и со националните закони. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

