Македонија
Во Македонија најобесправени жените во руралните области
Националниот Совет на жени на Македонија СОЖМ смета дека позицијата на жените во Македонија не е многу лоша, но сеуште има многу да направи за подобрување во оваа насока.
Националниот Совет на жени на Македонија СОЖМ смета дека позицијата на жените во Македонија не е многу лоша, но сеуште има многу да направи за подобрување во оваа насока.
НСЖМ-СОЖМ на денешната прес конференција го критикуваа фактот дека во Македонија нема жени градоначалнички и дека според податоците во државата жените во просек земаат една третина пониска плата од мажите.
НСЖМ-СОЖМ најмногу ja критикува состојбата што жените во руралните средини живеат во крајно незавидна позиција и дека се целосно маргинализирани, а како пример тие го посочуваат фактот дека само два отсто од жените во руралните општини поседуваат сопствен имот, па со тоа и не можат да аплицираат за субвенции од владата. Според НСЖМ-СОЖМ во руралните средини нема ниту градинки ниту гинеколошки амбуланти.
„Проблемите кои ги наведовме не се проблеми само на жената, туку тоа се родови проблеми, проблеми со кои се соочува целото семејство“, велат од НСЖМ-СОЖМ.
НСЖМ-СОЖМ соопшти дека организирале делегација за присуство на 54тата Сесија на Комитетот за статусот на жената во Обединетите Нации која се одржа од 1ви до 12ти март во Њујорк.
Делегацијата од 22 учесници од НВО, бизнис секторот, здравството, локалната самоуправа и естрадата, заедно со околу 8000 невладини организации и владини делегации присуствуваше на сите работилници и панели на сесијата, соопшти Ирина Костовска, член на НСЖМ-СОЖМ.
Костовска рече дека на Сесијата на Комитетот за статусот на жената се разгледувало постигнувањето од имплементирањето на Пекинг Платформата за Акција и се разменувале досегашните искуства помеѓу учесниците од целиот свет.
Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун на сесијата ги посочил родовата еднаквост и јакнењето на жената како главен приоритет во наредните пет години, додавајќи дека жените се клуч за економскиот развој, мирот и сигурноста.
Во заклучокот од сесијата на Комисијата за статусот на жената стои дека е потребен целосен и сеопфатен пристап за подобрување на позицијата на жената во општеството, но и дека е потребна е успешна соработка помеѓу сите актери за успешно имплементирање на Пекинг Платформата за акција, како и административни реформи за да и се даде право на жената на еднаков пристап до сите ресурси, рече Сања Јовановска, член на НСЖМ-СОЖМ.
На денешната прес конференција НСЖМ-СОЖМ ја критикуваше македонската Мисија во ОН бидејќи иако биле известени, тие воопшто не присуствувале на сесијата.
НСЖМ-СОЖМ најавија дека денеска испратиле писмо до Министерот за труд и социјална политика Џелал Бајрами со реакција и понуда за понатамошна соработка и дека ги понудиле своите ресурси, човечки знаења и методи да им помогнат на центрите за социјална работа и на сите надлежни институции за подобрување на статусот на жената во државата./крај/иа
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Капиштец повеќе од шест часа без вода, дефект кај Цветен пазар ја поплавува улицата Народен фронт
Жителите на делови од скопски Капиштец повеќе од шест часа останаа без вода за пиење.
Кај Цветен пазар вечерва е забележан багер и ископана е голема дупка, додека во близина тече вода по коловозот.
Засега е познато дека станува збор за уличен дефект, но не е соопштено кога состојбата ќе биде целосно нормализирана.
„Поради уличен дефект на водоводна цевка Ф100мм на улица Народен Фронт 5 до цветен пазар, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Васил Ѓоргов и Народен Фронт од бр.5 до бр.21“, велат од ЈП Водовод и канализација.
Од претпријатието попладнево известија дека водата кај корисниците е сопрена во 13.30 часот и ќе остане така се’ до поправка на дефектот. Жители на Капиштец за „Макфакс“ велат дека кога прашале кога ќе биде пуштена водата, од службата за известување во „Водовод“ им кажале дека нема изгледи оти ќе го поправат дефектот денес.
Македонија
Во подготовка закон за високите раководители во управата – професионализација наместо партизација
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари работна средба со Петер Ваги, виш советник во OECD/SIGMA, на која беа разгледани клучните реформски процеси во областа на јавната администрација, со посебен акцент на подготовката на Законот за високите раководители на органите на државната управа и фондовите, како и на Закон за организација и работа на органите на државната управа (ЗОРОДУ).
На средбата се дискутираше за принципите на професионализација, мерит систем, транспарентност и отчетност во именувањето и управувањето со високите раководни структури во државната управа, како и за потребата од јасно разграничување на надлежностите, унапредување на координацијата и зголемување на ефикасноста во функционирањето на институциите преку новото законско решение за организација и работа на органите на државната управа.
Министерот ја истакна важноста од континуираната експертска поддршка од страна на OECD/SIGMA во процесот на подготовка и усогласување на законските решенија со европските стандарди и добри практики.
„Реформата на јавната администрација претставува еден од нашите врвни приоритети. Со Законот за високите раководители поставуваме јасни, транспарентни и професионални критериуми за избор и одговорност на раководниот кадар. Нашата цел е администрација која работи во служба на граѓаните, заснована на знаење, интегритет и резултати“ истакна министерот.
Од страна на претставникот на OECD/SIGMA беше изразена подготвеност за натамошна поддршка, со цел обезбедување усогласеност со принципите на добро управување и европските административни стандарди.
Министерството за јавна администрација останува посветено на спроведување сеопфатни и одржливи реформи, насочени кон јакнење на институционалниот капацитет, департизација и зголемување на довербата на граѓаните во јавните институции.
Македонија
Забрана за камиони кај Стража поради снег
Од 17:00 часот е воведена забрана за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар-Стража-Кичево и обратно.
Од АМСМ информираат дека забраната е поради обилни врнежи од снег и задржување на коловозот.

