Македонија
Охридското eзеро пред еколошка катастрофа
Повеќе од 750 литри во секунда отпадни води од канализација се влеваат во Охридското eзеро, а уште 550 литри во секунда непречистени води во реката Црн Дрим.
Повеќе од 750 литри во секунда отпадни води од канализација се влеваат во Охридското eзеро, а уште 550 литри во секунда непречистени води во реката Црн Дрим.
Оваа еколошка закана е последица на зголемениот испуст на вода од Охридското eзеро во реката Дрим кај Струга, што доведува до прелевање на испустните цевки на Колекторскиот систем за заштита на Охридското eзеро, кои на одредени локации се наоѓаат на метар и половина под водостојот на Дрим.
Директорот на Колекторскиот систем, Ваид Ајро, денеска за медиумите рече дека ваквата ситуација трае веќе 60 дена, што е алармантно, ваква појава е дозволена најмногу до 15 дена во годината, што значи дека само во двата изминати месеци од оваа година во езерото завршиле непречистени води колку за изминатите четири години.
„Системот за пречистување не само што е излезен од функција заради покачениот водостој на Охридското eзеро, намерно или ненамерно тоа ќе се покаже, туку бевме приморани три пати да ја исклучиме целосно пречистителната станица во Враништа поради надојдените води од реката Дрим. Тоа не смее да се прави во никој случај бидејќи се пореметува системот за биолошко пречистување на отпадните води, процес за чие повторно обновување е потребен мошне долг временски период, така што пречистителната станица во моментов работи само со 30 отсто од капацитетот“, рече Ајро, кој предупреди дека доколку и натаму продолжи индиферентниот однос на државата кон Охридското Езеро се доведува во прашање функционалноста на овој скап инфраструктурен проект.
На прес конференцијата што по повод алармантната состојба со Охридското eзеро, се одржа денеска, беше посочено дека локалните самоуправи на Охрид и Струга и МЈП „Проаква“ четири години наназад предупредуваат на проблемите со кои се соочува Колекторскиот систем, а последниот повик до надлежните државни институции бил упатен неодамна преку допис до Владата од 19 февруари.
„Ова е сериозен проблем. Ние немаме начин како да алармираме за проблемот освен вака преку медиумите. Државата треба најсериозно да ги разбере нашите пораки, за да се седне на маса и да се најде долгорочно решение за проблемот со колекторот“, рече Петрески.
Тој објасни дека во насока на решавање на проблемот е изградба на нова пречистителна станица со зголемен капацитет, осовременување на целиот систем, набавка на нови пумпи за зголемување на капацитетот, како и преземање на дел од одговорноста за трошоците за тековно функционирање и одржување на Колекторскиот систем од страна на државата.
Локалните самоуправи на Охрид и Струга со забелешка на начинот на кој што централната власт се однесува кон Охридското Езеро како национално богатство заштитено со закон. Директорот на МЈП „Проаква“ Бранислав Трпчески, потсети на еколошката катастрофа со Дојранското Езеро кога државата презеде активности за негова ревитализација и заштита, таков е случајот со Преспанското Езеро и побара државата да нема дискриминаторски однос кон Охридското Езеро, односно сите државни ресурси да се вклучат во заштита на овој природен бисер.
Независно што овој апел доаѓа во време кога привршуваат подготовките за претстојната летна туристичка сезона, сепак мора да се води сметка дека евентуално неповолните економски последици мора да бидат во втор план кога е во прашање заштита на екосистемот на Охридското Езеро, за што треба да се мобилизират сите расположливи ресурси на сите нивоа./крај/охридњуз/гм/ин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Осмомартовски марш во Скопје со порака „Нема да нè снема“
По повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, Платформата за родова еднаквост повика на традиционален марш за женски права што ќе се одржи во Скопје.
Според соопштението, маршот ќе започне во 12:00 часот во паркот „Жена Борец“, а ќе заврши пред украдената биста на Вера Јоциќ, како симболичен чин на протест против, како што се наведува, „фактичкото и фигуративното бришење на жените во општеството“.
Организаторите посочуваат дека слоганот „Нема да нè снема“ ја изразува борбата на жените за опстанок и безбедност во систем кој, според нив, често не ги штити од насилство и ги остава на маргините на општеството. Се наведува дека женската работа често е невидлива, помалку платена и недоволно заштитена, а особено ранливи се жените што работат хонорарно, кои често немаат здравствено, социјално и пензиско осигурување.
Платформата за родова еднаквост посочува и на зголемен број случаи на родово базирано насилство и фемициди, нагласувајќи дека институционалните пропусти оставаат многу жени без заштита и правда.
Со маршот на 8 март, организаторите повикуваат граѓаните да се приклучат и заедно да испратат порака дека жените ќе продолжат да се борат за еднаквост, безбедност и достоинство.
Македонија
СДСМ да не користи трагедии како во минатото за добивање на политички поени, реагира ВМРО-ДПМНЕ
Срамно и безобразно е соопштението од страна на СДСМ во однос на трагедијата која се случи во скопски Карпош, оценува ВМРО-ДПМНЕ.
„Истата партија СДС, да потсетиме дека обично кога се во опозиција, трагедиите ги користи стрикно за собирање на политички поени, а не за да покаже емпатија. Случајот со Нешковски, малата Тамара, Диво Насеље, Смилковско езеро и многу други, се случаи кои СДС пред да дојде на власт со Заев и Филипче, ветуваше правда и велеше дека ќе обелодени некаква вистина која била криена по повод овие трагедии. СДС со Заев и Филипче, кога дојдоа на власт, заборавија на се како да имаат амнезија.
Затоа, за оваа тема, која ја потресе цела јавност, ги замолуваме СДС да не ја користат за политички поени. За разлика од порано, разликата е во тоа што сега работите се кажуваат гласно и транспарентно, а виновниците имаат имиња и презимиња.
ВМРО-ДПМНЕ упатува сочувство до семејствата на жртвите и посакува да не се случуваат вакви трагедии во иднина“, се вели во реакцијата.
Македонија
Од Пинтија до Драчево ќе се гради современ булевар со четири ленти
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави дека почнува реализацијата на изградбата на булеварот Борис Трајковски.
Објавена е јавната набавка, а по завршување на законската постапка, градежните работи се очекува да почнат за околу 40 дена. Рокот за изведба е до крајот на календарската година.
Проектот опфаќа изградба на современ булевар во должина од 850 метри, со четири коловозни ленти и безбедна пешачко-велосипедска патека, на потегот од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево. Со ова трајно ќе се реши долгогодишниот сообраќаен проблем со кој секојдневно се соочуваат над 100.000 граѓани.

Надлежните апелираат за трпение за време на градежните активности, нагласувајќи дека привремените отежнувања ќе донесат долгорочно, квалитетно и безбедно сообраќајно решение за сите граѓани.

