Македонија
Ѓулер Самии украла 70 тони тутун од „Тетово табак“
Ѓулер Самии, сопруга на командант Баци е обвинета дека од 2003 до 2008 година украла околу 70 тони тутун вреден 140.000 евра од магацинот на „Тетово табак“.
Ѓулер Самии, сопруга на командант Баци е обвинета дека од 2003 до 2008 година украла околу 70 тони тутун вреден 140.000 евра од магацинот на „Тетово табак“.
Тетовската полицијата поднесе кривична пријава против неа за тешка кражба. Самии лажно се претставувала како мнозински сопственик на акциите во фирмата, влегувала во магацините, го крадела тутунот во сопственост на Бирото за стокови резерви и го продавала на фирми и лица од Куманово и Скопје.
Тутунот го продавала по две евра по килограм.
„Пријавената преку фирмата Евро Милениум чиј управител била истата, продала 9480 кг. тутун на фирмата „Еуро Бени” село Оризаре, Куманово, за што сочинила испратница која не е прокнижена во книговодствата на двете фирми. Покрај ова, Ѓ.С. уште во два наврати (на 19 и 20. 07.2006) на физичко лице од село Студеничани – скопско му продала 60.320 килограми“, соопштува МВР.
Неодамна Ѓулер беше осомничена за фалсификување на дипломи од државниот универзитет во Тетово.
Ѓулер Самии со моминско презиме Сулејмани и Изаир Самиу Баци на јавноста и се познати по обидите за узурпација на просториите на „Тетово Табак“.Командант Баци издржа две години затвор за нелегално поседување на оружје. /крај/со/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

